Вилард Кристофер "Вил" Смит Џуниор (роден на ) - американски актер, филмски продуцент и поп рапер.

Животопис

Кариера Во доцните 1980-ти, Смит постигнал слава како дел од хип-хоп дуото „Диџеј Џези Џеф енд д Фреш Принс“, по што снимил и телевизиска хумористична серија со наслов „Фреш Принс од Бел-ер“. Во светот на филмот, Смит влегол играјќи во акциски комедии од типот на „Лоши момци“, „Ден на независноста“ и „Луѓе во црно“. Во 2001 година, на изненадување на филмската јавност, тој го играл ликот на Мухамед Али во филмот „Али“ и за таа улога бил номиниран за наградата „Оскар“. Во 2007 година, тој повторно бил номиниран за „Окскар“, овојпат за улогата во драмата „Потрага по среќа“ во кој играл самохран татко-бездомник.Наташа Спирова-Серафимова, „Голдберг блесна како малтретирана жена, а Фокс како Реј Чарлс“, Антена, број 899, 18.9.2015, стр. 10-11.

Во април 2007 година, „Њусвик“ го нарекол како еден од најмоќните глумци на планетата. Тој е единствениот глумец во историјата кој имал осум последователни филмови чиј буџет изнесувал над 100 милиони долари.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски глумци Категорија:Американски рапери Категорија:Добитници на Греми за рап-музика Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Добитници на Златен глобус