upright|thumb|Во делата на Аристотел се користи терминот позитивна психологија Позитивната психологија е нова гранка во психологијата. Мартин Селиџмен и Михајл Чикзентмихаљи ја објаснуваат нејзината цел во 2000 година : „Ние веруваме дека психологијата на позитивното човеково однесување ќе се издигне на повисоко научно ниво и дека ќе има делотворен придонес во воздигнувањето на поединците,фамилиите и заедниците“. Психолозите во оваа област се стремат кон „пронаоѓање и поттикнување на талентот’“ и кон тоа „како да го направат животот поисполнет со среќа и добросостојба“. Но, тие не се насочени кон лечење на менталните болести. Позитивната психологија како ново движење има за цел да ја надополни, а не да го заземе местото на општата психологија. Позитивната психологија се надева дека научните проучувања ќе се аплицираат во поединците и во општеството. Околу 2002 година овој приод предизвикал голем интерес ,затоа професорите Мартин Селиџмен,Мишел Фриш и други , почнале да држат предавања за Позитивната психологија на некои колеџи. Јавноста малку обрнувала внимание на ова движење, сè до 2006 година кога овој предмет станал значително популарен на Универзитетот Харвард. Некои хуманистички психолози , како Абрахам Маслов, Карл Роџерс и Ерих Фром,развиле теории и практики во кои ја вклучувале среќата на луѓето. Во последно време нивните теории за подобрување на животот на човекот се емпириско поддржани од студии на позитивната психологија. Позитивната психологија почна исто така да се проширува и во многу нови правци. Научници што денес се занимаваат со истражувања во Позитивната психологија се : Мартин Селиџмен, Ед Дајнер, Михајл Чикзентмихаљи,Кристофер Петерсон, Карол Двек, Барбара Фредриксон, Соња Љубомирски,Кенон Шелдон, Џонатан Хејт,Шели Тејлор, К. Р. Шнајдер ,Роберт Бишвос Дајнер,Алберт Бандура, Чарлс С. Карвер, Роберт Емонс,Мајкл МекКулоу и Фил Зимбардо. Секој од овие научници објавил влијателни и добро познати статии. Освен тоа, овие научници се и автори на вреднувани дела кои не се поврзани со позитивната психологија , а се објавени во популарни психолошки списанија. Ова е важно да се напомене, бидејќи Позитивната психологија е само гранка повеќе во науката за психологијата. Потекло Позитивната психологија се појавува како нова област во психологијата во 1998 година. Тогаш Мартин Селиџмен , кој се смета за основач на новото движење Позитивна психологија,ја одбрал Позитивната психологија како тема за своето инаугуративно обраќање како претседател на Американската асоцијација на психолози. Овој термин за прв пат се појавува во книгата Мотивација и карактер ("Motivation and Personality" ) на Маслов во 1954 година. Во нејзе се упатувало на тоа дека после 1950тата година психолозите почнале повеќе да се фокусираат на подобрување на менталното здравје отколку само кон лечење на болестите. Селиџмен истакнува дека цел половина век единствен предмет на клиничката психологија биле ментални болести,повторувајќи ги со тоа коментарите на Маслов. Селиџмен им препорачал на психолозите да се насочат кон најосновната цел на психологијата,а тоа е развивање на човековите потенцијали и подобрување на секојдневниот живот. Првиот собир во областа на Позитивната психологија бил одржан во 1999 година. Првата Интернационална конференција за Позитивна психологија била во 2002 година. Во јуни 2009 година е одржан првиот Светски конгрес за Позитивна психологија. Историски корени Позитивната психологија се развила од хуманистичката психологија на XX век,чијшто главен интерес бил ставен на среќата и задоволството. Најраните влијанија врз Позитивната психологија се главно од филозофски и религиски извори,бидејќи научната психологија сè до крајот на 19-тиот век не била целосно формирана. (Види го Wikipedia:Историја на психологијата ) Јудаизмот проповеда заповед за Божја теорија на среќата : Ќе ги следи среќа и ќе бидат наградени оние кои ги следат Божјите заповеди. Античките грци имале многу школи за наука. Сократ бил застапник на гледиштето дека самосознавањето води кон среќа. Платоновата алегорија за пештерата им влијаела на западните мислители кои верувале дека до среќата се доаѓа со пронаоѓање на подлабоко значење на нештата. Аристотел сметал дека среќата,или евдамонија како што ја нарекува тој, е условена од разумното користење на доблестите во текот на животот. Епикурејците верувале дека среќата се постигнува со уживање во малите задоволства. Стоиците мислеле дека со разумност и објективност може да се остане среќен. Христијанството продолжило да ја следи Божја теорија на среќата. Во средниот век, христијанството проповедало дека вистинската среќа може да се постигне само во задгробниот живот. Седумте смртни гревови се однесуваат на нарцизмот и на препуштањето на земните задоволства. Наспроти тоа, четирите главни доблести ("Four Cardinal Virtues") и и трите теолошки доблести биле наменети да одвратат некого од правење на грев. Индивидуализмот почнал да биде ценет за време на ренесансата и периодот на просветителството. Истовремено, креативните поединци,кои порано биле само обични мајстори, почнале да бидат ценети и почитувани бидејќи на нив почнало да се гледа како уметници. Утилитаристичките филозофи ,како на пример Џон Милтон, сметале дека моралните дела се предуслов за зголемување на среќата кај поголем број на луѓе. Според нив требало да се употреби емпириска наука за среќата со која ќе се определува кои постапки се морални (Наука за моралноста ). Томас Џеферсон, исто како и останатите застапници на демократијата, сметале дека ,,Животот, слободата и потрагата по среќа’’ се неоспорливи права и дека со нив би се оправдало рушењето на владата. Романтичарите го ценеле самостојното емоционално изразување и трагале по своите вистински чувства ослободени од општествените норми. Во исто време, љубовта и интимноста им станале главен мотив на луѓето за да стапат во брак. Истражувања Општи теории Некои истражувачи во оваа област претпоставуваат дека Позитивната психологија може да се објаснува преку 3 области на истражување кои меѓусебе се поврзуваат: Истражувањето за Пријатниот живот , или за ,,живот кој е исполнет со уживање’’,испитува како луѓето оптимално ги доживуваат, предвидуваат и до кој степен уживаат во позитивните чувства и емоции кои се дел од нормалниот и здрав начин на живеење. ( пример: емоционални врски,активности,интереси,забава и д-р ) Истражувањето кое го опфаќа Добриот живот, или ,,живот исполнет со обврски “ го проучува позитивниот исход при задлабоченост,преокупираност и психичка посветеност ( flow) кај личности кои се во целост окупирани со своите примарни активности. Овие состојби се доживуваат кога постои позитивна усогласеност помеѓу способноста на личноста и задачата што ја исполнуваат, т.е кога се сигурни во себе дека можат успешно да ја исполнат задачата со која што се соочуваат. ( Види го Wikipedia:Self-efficacy) Истражувањето кое ја опфаќа потрагата по Исполнет живот , или ,,позитивен социјален живот” испитува на кој начин личностите развиваат позитивно чувство на добросостојба,припаѓање,значење и насоченост со тоа што се дел или што придонесуваат за развивање на нешто поголемо и потрајно од самите нив. ( пример: природа, социјални групи, организации, движења , традиции, систем на верувања ). Овие категории изгледа дека не се ниту ширум прифатени , ниту пак се оспорени од страна на истражувачите во текот на овие 12 година колку што и оваа академска област постои. Професорот Филип Зимбардо укажува на тоа дека среќата исто може да се анализира и од ,,аспект на времето’’ ( "Time Perspective"). Зимбардо предлага луѓето да се поделат според тоа каков поглед имаат кон животот (позитивен или негативен), но и според тоа каква перцепција имаат кон времето( дали се ориентирани кон сегашноста, минатото или кон иднината ). Според ова можно е настанувње на определени заблуди во поединците кои во суштина претставуваат конфликти. Овие конфликти се поврзани не со тоа дали тие уживаат исполнувајќи некоја задача,тука дали се подложни на ризик за понатамошно уважување на нивниот исход. Зимбардо верува дека со помош на ова истражување ќе се открие оптималната рамнотежа на погледи за подобар живот. Тој вели дека треба да се осврнеме кон позитивните аспекти од минатото и повторно да ги преживееме истите,да живееме надевајќи се на позитивна иднина умерено да уживаме во иднината(не премногу). Пространата теорија за позитивните емоциии укажува на тоа дека позитивните емоции( среќа,интереси,очекувања ) ја зголемуваат свесноста и поттикнуваат разновидни,проникливи и необични мисли и начини на дејствување. Со повторување на овие различни однесувања се стекнуваат вештини. На пример : Љубопитноста во природа преминува во значајно знаење и вештина за снаоѓање,пријатната средба и разговор со некој непознат преминува во пријателство,обичната физичка активност станува вежба и физичка способност. Ова е во спротивност со негативните емоции кои предизвикуваат однесувања насочени само кон преживување ( негативната емоција вознемиреност предизвикува борбена реакција за итно делување за опстанок ). Подолу истражувањето е поделено според категориите на Селиџмен,кои донекаде се поврзани меѓусебно. ( Пример за тоа се ,, пријатниот’’, ,, добриот’’ и ,,исполнетиот‘’ живот). Бидејќи овие категории се сè уште недоволно јасни и нецелосни,некое важно истражување во еден дел може да биде доста релевантно во друг дел. Пријатниот живот Абрахам Маслов предложил хиерархија на потреби според која прво треба да се задоволат најосновните желби ( основните физиолошки потреби и чувството за сигурност),по нивното остварување следуваат социјалните потреби ( интимност) за на крај поуспешно да се задоволат мисловните потреби( моралност). Психологот Соња Љубомирски во својата книга ,, Како да се биде среќен “ го претставува своето истражување според кое нивото на среќа кај луѓето во најголем дел е определено од генетските фактори. Највисокото ниво на среќа ( до колкава мера се постигнува среќата условена од гените) зависи од други фактори , како планирани постапки и навики. Во книгата ("Stumbling on Happiness") психологот Ден Гилберт го опишува своето истражување во кое вели дека парите имаат поголемо влијание во животот на сиромашните ( таму каде што основните потреби сè уште не се задоволени). За разлика од тоа, кога се станува умерено богат ( средна класа) ова влијание многу се намалува. Значи, имањето повеќе пари за водење екстравагантен живот не ја зголемува среќата толку многу колку што тоа се постигнува со уживањето во сопствената работа и со социјалниот живот. Ричард Ејстерлин,професор по економија,забележува дека задоволството од вршењето на работата не зависи од платата. Гилберт ги советува луѓето да го дадат својот максимум со цел да (а) откријат во која работа најмногу би уживале, (б) да пронајдат начин како да ја работат таа работа што најмногу би им одговарала и која притоа ќе им обезбедува средства за живот. ( Со пронаоѓање на истата се станува повнимателен кон социјалните врски) . Истражувачите кои се фокусирани на моменталното искуство го споменуваат истражувањето на психологот Даниел Гилберт во кое тој тврди дека треба да се сконцентрираме на сегашноста,а притоа да не фантазираме, бидејќи така може да ја спречиме среќата. Други психолози пак ( Погледни погоре : Time Perspective ) велат дека сè уште е важно да се поминува одредено време потсетувајќи се на позитивните искуства од минатото и да се има позитивни очекувања за иднината.
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — Позитивна психологија · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.