Политичката кампања е организиран напор кој влијае врз процесот на донесување одлуки во рамките на одредена група. Во демократиите, политичката кампања најчесто се однесува на гласачки кампањи во кои се избираат пратеници или се одлучува за референдум.

Порака на кампањата

Пораката на кампањата ја содржи идејата која кандидатот сака да ја сподели со гласачите. Најчесто содржи неколку теми на разговор во врска со политички прашања.Темите ги резимираат главните идеи на кампањта и често се повторуваат за да создадат долготраен впечаток кај гласачите. Во повеќето избори противничките партии се обидуваат да ја претстават ,,спротивната порака,, на кандидатот преку свртување на вниманието кон политиката или лични прашања кои не се поврзани со темите на разговор. Повеќето кампањи претпочитаат да ја задржат пораката сеопфатна за да привлечат што повеќе гласачи. Пораката која е премногу ограничена може да ги одбие гласачите или да му одземе време на кандидатот објаснувајќи детали. На пример, на изборите во 2008 година, Џон Меккејн на почетокот употреби порака која беше насочена кон неговиот патриотизам и неговото искуство : "Земјата на прво место" . Подоцна, пораката беше променета за да го пренасочи вниманието кон неговата улога како "Вистински Маверик" во рамките на политичкото утврдување. Барак Обама во неговата кампања започна со доследна, едноставна порака од "Промени". Ако пораката е внимателно и вешто создадена, победата на кандидатот му е загарантирана. Пораката за победничкиот кандидат е преработена, а потоа следува негов/нејзин политички дневен ред за време на мандатот.

Кратки фрази Навиката на модерните западни медиуми (особено радиото и телевизијата) за земање кратки извадоци од говорите резултираше со создавање на терминот "соундбите" - кратка фраза. Во примерите за вакви кратки фрази можат да се вклучат следниве : "Џон Доу е деловен човек, а не политичар. Неговите познавања во областа на финансиските средства можат да доведат до фискална дисциплина во државната Влада". " Со тоа што нашето општество се соочува со подобрување во областа на криминалот, насилството и досега најголемото вложување во образовниот систем, ни требаат водачи кои ќе ја зачуваат безбедноста на нашите улици и одново ќе воспостават одговорност во нашите училишта. Џон Доу е тој водач.,, "Во изминатите 4 години, Џон Доу има пропуштено преку педесет општински состаноци. Како можеш да бидеш водач, а да не се појавуваш? Владата нема да му прогледа низ прсти на Џон Доу!"

Финансирање на кампањата Техниките на финансирање вклучуваат : состанување на кандидатот со големи дарители, испраќање директни молби до мали дарители преку електронска пошта и "додворување" на групи на итереси, што може да резултира со трошење милиони од нивна страна, ако тоа е значајно за интересите на групата.

Организација Во една модерна политичка кампања, организацијата на кампањата (или "машината") има збунувачка кадрова структура , на истиот начин како што тоа го има кој било бизнис од слична големина.

Водач на кампањата Обично, успешните кампањи побаруваат водач на кампањата за да ги усогласува нејзините делувања. Настрана од кандидатот, често водачот на кампањата е најзабележителен. Современите менаџери на кампањи, повеќе се заинтересирани за извршување на кампањската стратегија отколку за нејзиното поставување.

Политички стручни советници Политичките стручни советници даваат совети во врска со кампањата на скоро сите кампањски активности, од истражување до областа на стратегија. Стручните советници, за своите клиенти го водат истражувањето на кандидатот, гласачкото истражување и истражувањето на опозицијата.

Активисти Активистите се "пешадијци" кои се вистински верни поборници. Како доброволци или стажисти, можат да учествуваат во активности како што се агитирање од врата до врата и остварување телефински повици во име на кампањата.

Кампањска етика и времетраење на кампањата Современите политички кампањи поставија нови стандарди за тоа како секојдневно се водат успешните кампањи. Кампањата се води така што на јавноста ќе и изгледа дека е во квазивоен стил, со строга алка на команда, нулта толеранција за одредени забранети активности. Еден проширен дневен распоред кој започнува рано и завршува многу подоцна од повеќето работни денови. Збранетите активности можат да ги вклучуваат, но не се ограничени на бројот на извршени телефонски разговори, чукнувања на врата, регрутирани доброволци и така натамау. Ова сè повеќе е проблем во канцелариите кои се безжично поврзани без директен надзор, излегување надвор од синџирот на команда (на пример, разговарање на вработен со надредениот, кој случајно се спријателува со него за да добие посебни услуги или да му пренесува информации) , оние кои не се претставници на печатот да разговараат со новинарите, блогирање (се однесува на друга форма на комуницирање со печатот) кое може да стане потенцијална лесна цел за опозициската дискредитирачка кампања.Дневниот распоред на политичката кампања е премногу проширен, често нема определен почеток или крај, само серија задачи кои треба да се исполнат во точно пропишано време (или многу често ЦОБ ).

ЦОБ за политичката кампања , општо се дефинира како "времето од ноќта кога на твојот надзорник му е наложено да ги пријави неговите/нејзините броеви со што твоето пријаување на броеви" ( најчесто последната активност политичкиот активист ја прави пред ЦОБ ) може да игра важан улога во неговото/нејзиното пријавување. На приме, филд-организаторот може да има собрано 9 нови ангажирани доброволци за настан во текот на денот, од него се бара ова да му го пренесе на својот регионален филд-директор со што тој може да соопшти дека сите филд-организатори регрутирале точно 52 доброволци за споменатиот настан, што треба да биде пренесено до заменик директорот на Стате Фиелд до 09:00, со што ТИЕ можат да разговараат со него во 09:15 и да му пренесат дека за настаните се регрутирани 827 доброволиц низ државата. Кога ќе се заврши секој дел од овие известувања, организаторите можат да прават документација на повеќе нивоа, да праќаат електронска пошта, да телефонираат кај пријатели и други активности кои немаат ефект ако се прават за време на работните часови или во текот на гласањето.

Политичките кампањи, генерално се однесуваат на контактираните гласачи и доброволци на ниво на корисни датали кои зависат од правото на државата , месните особености и повластувањата на организаторите на кампањата и доброволците. Одредено е време (најчесто од 8 до 9 навачер) настрана од времето кое е одредено секоја вечер за контакт помеѓу гласачите и доброволците (непочитување на ова предвидено време не може да се случи. За да се водат други активности треба цврста оправданост, како што е присуствување на важен состанок). Само мал дел од кампањските работници (како што се луѓето што се соочуваат со продавачи) најголемиот дел од работата го извршуваат за време на вообичаените работни часови.

Техники Кампањскиот тим (кој може да биде мал колку еден инспириран поединец или група од многу вешти професионалци) мора да размисли како да ја искаже пораката на кампањата , како да регрутира доброволци и како да собира пари. Рекламирањето на кампањата се опишува со техниките на комерцијалното рекламирање и пропаганда. Однесувањето на учесниците во политичката кампања, кога ја пренесуваат пораката е ограничено од страна на законот, изворите кои се на располагање и замислата на учесниците во кампањата. Овие техники често се комбинираат во формална стратегија позната како план на кампањата Планот зема приказ на целта на кампањата, пораките , целната група и достапните извори. Обично, кампањата трага да ги препознае поддржувачите кои ја сфаќаат нејзината порака.

Рекламирање на кампањата Рекламирње на кампањата е користење на платените медиуми (весници, радија, телевизии итн.)да влијаат на одлуките донесени за и од групите. Овие реклами се создаваат од страна на политички консултанти и екипата на кампањата .

Раководење со медиумите Јавниот медиум (во САД е идиом на "слободен медиум") може да ја започне приказната за тоа дека некој се обидува да биде изгласан , да прави нешто во врска со тоа и тоа.

Организирање протести Организирање на протести, собири и други слични јавни настани (ако луѓето се доволно убедени да дојдат) може да биде многу делотворна кампањска алатка. Организирањето масовни митинзи со озвучување е помоќно кога се прикажува визуелно, за луѓето кои се присутн да ја поддржат кампањата.

Модерната технологија и Интернетот Сега, Интернетот е основен елемент од модерната политичка кампања. Комуникациските технологии како што се: електронската пошта, мрежните страници и различните форми на активност овозможуваат побрза комуникација преку грѓанските движења и пренесуваат пораки до поширок аудиториум.Овие интернет-технологии се користат за финансирање, волонтирање, надградување на општеството и организирање. Исто така, поединечни политички кандидати го користат Интернетот за да ја претстават својата изборна кампања.

Значење и важност на водењето на политичката кампања преку Интернет Претседателската кампања на Барак Обама цврсто се потпираше на социјалниот медиум и новите медиумски канали за да привлече гласачи, да распореди кампањски доброволци и да собира средства за кампањата. Кампањата го сврти вниманието кон важноста од употребата на Интернетот во современите политички кампањи, преку користење различни форми на друштвени и нови медиуми (вклучувајќи ги : Фејсбук , Јутјуб) за да опфатат нови целни групи. Друштвеното мрежно место на кампањата, www.BarackObama.com употреби евтин и ефикасен метод за мобилизирање на гласачи и зголемено учество помеѓу различното гласачко население. Овој нов медиум беше неверојатно успешен во допирањето до младата популација, додека на сите популации им помагаше да организираат и да промовираат активности.

Предизборна кампања Предизборните кампањи најпрво беа физичка платформа од која претставниците ги презентираа своите гледишта или решавачки гласови пред парламентарното или друго гласачко тело. Според метонимија, терминот може да се однесува на кој било настан како што се дебати или говори за време на изборната кампања, каде се претставуваат еден или повеќе претставнички кандидати.

Други техники Директно пишување до членовите на публиката (дали преку професионална маркетиншка фирма или посебно пред помалку доброволци); Преку доставување брошути или продавање весници; Преку мрежни места, семрежни здруженија и многубројни спонтани и неспонтани електронски пошти; Преку нова техника позната како Микротаргетинг која помага во препознавање и одбирање мал демографски процент на гласачи. Преку вистелстоп тур- серија од краткотрајни појавувања во неколку мали градови. Спречување на можноста политичките противници да водат кампања преку техники како што се спротивставувачки митинзи, блокирање на митинзите од опозициските партии или заканувачки телефонски повици во кандидатските простории (многу полититички партии во обичните демократии јавно се оддалечуваат од вакви подривачки и морално-ефективни тактики, со исклучок на оние партии кои самите се дефинираат како активисти). Организирање домашни политички забави. Дома да се подготвуваат говори за поддржувачите кои доаѓаат во посета како дел од предизборната кампања. Гласањто е преку електронска пошта, претходно познато како ,,гласање по пошта,, има зголемено значење како гласачка алатка. Денес, кампањите во повеќето земји мора да имаат добро разработена стратегија за да влијаат на порано гласање. Продажба на официјални рекламни материјали како начин на зголемување на популарноста на кандидатот во врска со донациите за кампањата, регруирање доброволци и бесплатно рекламирање.

Видови кампањи

Информативна кампања