десно|мини|Мировен (peace) симбол настанал во текот на Кампањата за јадрено разоружување во УК. Хипи супкултурата првично било младинско движење кое започнало во САД во текот на средината на 1960-тите години и брзо се проширило во другите земји околу светот. Етимологијата на изразот „хипи“ е од зборот hipster (панталони на колк) и се користело да ги опише битниците кои дошле во Гринич Вилиџ, околината на градот Њујорк и во областа Хеит Ешбери во Сан Франциско.To say "I'm hip to the situation" means "I'm aware of the situation. See: Раната хипи-идеологија ги вклучувала контракултурните вредности на бит-генерацијата. Некои создале свои сопствени општествени групи и заедници, слушале психоделичен рок, ја прифатиле сексуалната револуција и користеле дроги како што е марихуаната и ЛСД, со цел да ги проучат алтернативните состојби на свеста.
Во јануари 1967 година, настанот Human Be-In (Човеково битисување) во паркот Голден Гејт во Сан Франциско ја популаризира хипи-културата, водејќи кон легендарниот настан Лето на Љубовта на западниот брег од Соединетите Држави и кон фестивалот „Вудсток“ на источниот брег во 1969 година. Хипиците во Мексико, познати како хипитекас, ја формираа Ла онда чикана и се собираа кај Авандаро, додека во Нов Зеланд номадските хаустракери (групи кои ги претворале старите камиони и автобуси во подвижни домови за живеење) практикувале алтернативен животен стил и промовирале одржлива енергија во Намбаса. Во Обединетото Кралство, мобилните „мировни конвои“ на патниците од новото доба правее летни аџилаци на бесплатните музички фестивали во Стоунхенџ."The attendance at the third Pop Festival at...Isle of Wight, England on 30 Aug 1970 was claimed by its promoters, Fiery Creations, to be 400,000." The Guinness book of Records - 1987, (p91), Editor Russell, Alan. Guiness Books, 1986 ISBN 0851124399 Во Австралија, хипиците се собраа во Нимбин за фестивалот Аквариус (водолија) во 1973 година и годишното рели за реформи во законот за канабисот (марихуана) во МардиГрас. Во Чиле беше одржан фестивалот „Пиедра Роха“ во 1970 година и тој беше главниот хипи настан во таа земја.
Хипи модата и вредности имаа големо влијание врз културата, поп-музиката, телевизијата, филмот, литературата и уметноста. Од појавата на широко распространетото движење во 1960-тите години, многу аспекти на хипи културата беа асимилирани во доминантната струја на општеството. Религиозната и културна разнообразност што ја поддржуваа хипиците беше широко прифатена, а источната филозофија и духовниот концепт привлекоа голема публика. Завештанието на хипиците може да се гледа во современата култура во мноштво од форми - од здрава храна до музички фестивали, до современи сексуални обичаи (норми на однесување), па дури и до револуцијата во киберпросторот.
Потекло на поимот Лексикографот Џеси Шаидловер, главниот американски уредник на оксфордскиот англиски речник, полемизира дека изразите хистер и хипи произлегуваат од зборот хип, чие потекло е непознато. Изразот хипстер е кованица создадена од Хари Гибсон во 1940 година. Иако зборот хипи се појавуваше изолирано во текот на раните шеесетти години, првата јасно современа употреба на тој термин се појави во печатот на 5 септември 1965 година во написот „Нов рај за битниксите“ напишан од новинарот Мајкл Фелон од Сан Франциско. Во тој напис Фелон пишуваше за кафулето Блу јуникорн (Синиот еднорог) користејќи го изразот хипи за новата генерација битници кои дојдоа од Норт Биич во областа Хеит Ешбери. Уредникот на весникот Њујорк Тајмс и писателот Теодор М. Бернштајн рече дека весникот го изменил пишувањето на зборот од hippy во hippie, за да се одбегне двосмислениот опис на облеката како hippy мода.
Историјат Потекло Основањето на хипи-движењето има свој историски преседан уште во контракултурата на древните Грци, поддржувана од филозофите како што биле Диоген и Синопи и од циниците, како најрани облици на хипи-култура. Хипи-филозофијата исто така ги признава и одобрува духовните учења за Исус Христос, Хилел, Буда, Маздак, св. Франциск Асишки, Хенри Дејвид Торо и Махатма Ганди.
Првите знаци на она што би можеле да го наречеме модерни „прахипици“ се појавија во крајот на векот во Европа. Помеѓу 1896 и 1908 година, се појави едно германско младинско движење како контракултурна реакција на организираните општествени и кулутрни клубови кои се собрале иколу германската народна музика. Познати под името Вандерфогели (гер. Wandervogel „птица-скитница“), движењето се спротивстави на формалноста на традиционалните германски клубови, нагласувајќи ги наместо неа аматерската музика и пеење, креативното облекување и заеднички излети кои ќе вклучуваат долги пешачења и кампување. Инспирирани од делата на Фридрих Ниче, Гете, Херман Хесе, Вамдерфогелите привлекоа илјадници млади Германци кои го отфрлија брзиот тренд кон урбанизацијата и чезнееа по паганскиот, духовен живот во стилот, враќање кон природата, исто како нивните предци. Во текот на првите неколку декади од дваесеттиот век, Германците се сместија околу Соединетите Држави, донесувајќи ги со себе вредностите на Вамдерфогелите. Некои ги отворија првите продавници со здрава храна, а многумина се преселија во јужна Калифорнија, каде можеа да стават во пракса еден алтернативен животен стил во топла клима. Со текот на времето, младите Американци ги прифатија убедувањата и практиките на новите имигранти. Една група наречена „Момчиња на природата“ се упати кон калифорниската пустина и одгледуваше органска храна, поттикнувајќи го животниот стил „враќање кон природата“ исто како Вамдерфогелите. Песнописецот Еден Абез напиша хит песна наречена Момче од природата инспирирана од Роберт Бутцин (Цигански чизми), кој помогна да се популаризира свеста за здравјето, јогата и органската храна во Соединетите Држави.
Како и Вамдерфогелите, хипи движењето во Соединетите Држави започна како младинско движење. Составени претежно од бели тинејџери и млади возрасни лица на возраст помеѓу 15 и 25 години, хипиците наследија традиција на културно дисиденство (несогласување) од боемите и битниксите на Бит генерацијата во доцните педесетти години. Некои од Бит генерацијата, како Ален Гинсберг, прејдоа од бит движењето и станаа препознатлив елемент на сè повеќе растечките хипи и против-воени движења. До 1965 година, хипиците станаа веќе препознатлива општествена група во САД, а движењето конечно се прошири и во другите земји, доаѓајќи дури до Обединетото Кралство и Европа, Австралија, Канада, Нов Зеланд, Јапонија, Мексико и Бразил. Хипи филозофијата и обичаи влијаеа врз Битлсите и други во Обединетото Кралство и други делови во Европа, а тие пак, за возврат, влијаеа врз нивните американски колеги и сожители. Хипи кулутрата се рашири насекаде во светот преку спојување на рок-музиката, фолклорот, блузот и психоделичниот рок; таа исто така најде свој одраз и во литературата, драмската уметност, модата и визуелните уметности, вклучувајќи го филмот, постерите за рекламирање на рок концерти и кориците на албумите. Јавно декларираните хипици станаа значително малцинство до 1968 година, претставувајќи нешто под 0,2% од американското население, пред нивниот број да опадне во седумдесеттите години.
Паралелно со Новата левица и американското движење за граѓански права, хипи движењето беше една од трите дисидентски групи со контракултура во шеесеттите години на 20 век. Хипиците ги отфрлија веќе утврдените институции, ги критикуваа вредностите на средната класа, беа против нуклерното оружје и војната во Виетнам, прифатија одредени аспекти од источната филозофија, ја пропагираа сексуалната слобода, честопати беа вегетаријанци и пријателски расположени кон животната средина, го поттикнуваа користењето на психоделичните дроги за кои веруваа дека ја прошируваат човековата свест и создаваа меѓународни заедници или комуни. Тие практикуваа алтернативни уметности, уличен театар, народна музика и психоделичен рок, сето тоа како дел на нивниот животен стил и како начин на изразување на нивните чувства, протести и согледувања за светот и животот. Хипиците се спротивставуваа на политичката и општествена ортодоксност, избирајќи нежна и недоктринирачка идеологија која претпочиташе мир, љубов и лична слобода изразена, на пример, во песната на Битлси, Сè што ти треба е љубов“. Хипиците ја сметаа доминантната култура како еден расипан, монолитски ентитет кој наметнува неправедна моќ над нивните животи, нарекувајќи ја таа култура „Естаблишментот“, „Големиот брат“ или „Човекот“. Посочувајќи дека тие беа „трагачи по значење и вредности“, некои познавачи на хипиците, како Тимоти Милер, ги опишаа хипиците како едно ново религиозно движење.
Раните хипици (1960-1966)
Во текот на раните шеесетти години, романописецот Кен Кеиси и заедницата Мери Пренкстерс (Веселите мајтапчии) живееја во една комуна во Калифорнија. Членови на комуната беа: херојот на Бит генерацијата, Нил Касади, Кен Бабс, Каролајн Адамс, (Маунтин грл и Керолајн Гарсија), Стјуарт Бренд, Дел Клоус, Пол Фостер, Џорџ Вокер, Сенди Леман-Хопт и други. Нивните најрани лудории и авантури беа документирани во книгата на Том Вулф, Електричниот асид тест. Касади го управува училишниот автобус наречен Понатаму со кој Веселите мајтапчии патуваа низ Соединетите Држави за да го прослават објавувањето на романот на Кеиси, Некогаш голем поим и да го посетат светскиот саем во 1964 година во градот Њујорк. Веселите мајтапчии беа познати по користењето марихуан, амфетамиони и ЛСД, а во текот на нивните патувања, тие „навлегле“ многу луѓе на нивните дроги. Веселите мајтапчии ги снимаа (визуелно и аудио) нивните патувања со автобус, создавајќи така едно секадеприсутно мултимедиумско присуство кое подоцна би се прикажало во форма на фестивали и концерти. Грејтфул Дед напишаа песна за автобуските екскурзии на Веселите мајтапчии и ја нарекоа „Тоа е она за другиот“.
Во текот на овој период, Гринич Вилиџ во градот Њујорк и Беркли, Калифорнија, го заокружија кругот за американската народна музика. Двете кафулиња во Беркли, Кејбл Кримери и Џебервок ги спонзорираа претставите со изведувачи на народна музика во една бит околина. Во април 1963 година, Шандлер А. Логлин III, соосновач на Кејбл Кримери, основа еден вид на племенска заедница, семеен идентитет меѓу приближно 50 луѓе кои присуствуваа на една традиционална Пејот церемонија на домородечките Американци во една селска средина. Оваа церемонија го комбинираше психоделичното искуство со традиционалните духовни вредности на домородечките Американци; овие луѓе спонзорираа еден оригинален жанр со музички израз и претстава во салонот Ред Дог во едно изолирано, старо рударско гратче во Вирџинија Сити, Невада. Во текот на летото 1965 година, Логлин привлече голем дел од првичниот талент, што доведе до еден уникатен амалгам од традиционална народна музика и психоделичкиот рок што се појави на сцената. Тој и неговите другари (ортаци) создадоа нешто што стана познато како „Ред Дог Икспириенс“, порано непознати музички имиња - Греитфул Дед, Џеферсон Ерплеин, Биг Брадер енд д Холдинг Кампани, Квиксилвер Месинџер Сервис, Шарлатанс и други - кои свиреа во потполно обновена, интимна околина во кафулето Ред Дог Салун во Вирџинија Сити. Немаше некоја реска граница помеѓу „изведувачите“ и „публиката“ во Ред Дог Икспириенс, при што во текот на музиката се комбинираа психоделичното екпсериментирање, едно уникатно чувство од личен карактер и првите примитивни светлосни претстави (лаит шоуа) на Бил Хем, со цел да се создаде ново чувство за заедницата. Логлин и Џорџ Хантер од Шарлатаните беа вистинските „прото-хипици“со нивните долги коси, чизми и гротексна облека од Америка од XIX век и наследството (на домородечките Американци). Произведувачот на ЛСД, Оусли Стенли, живееше во Беркли за време на 1965 година и го обезбедуваше поголемиот дел од ЛСД-то за Ред Дог Експериенс, најраната еволутивна фаза на психоделичниот рок и зародишот на хипи културата. Во Ред Дог Салун, Шарлатаните беа првиот психоделички рок состав кои свиреа во живо (иако ненамерно) под дејствие на ЛСД.