Обичен див костен или само див костен () — големо листопадно дрво. Иако имаат сличности во плодовите, дивиот костен не е сроден со дрвото питом костен, кое припаѓа на родот Fagaceae.

Се вбројува во групата на национални ендемски растенија. На европско ниво, според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), овој вид има ранлив статус, а во Македонија се среќава во фрагментирана популација која е во опаѓање.„Див костен, коњски костен (Aesculus hippocastanum)“, Македонско еколошко друштво

Распространетост Дрвото потекнува од планинските предели на Балканскиот Полуостров, во мали подрачја во Грција, Албанија, Македонија, Србија и Бугарија.Euro+Med Plantbase Project: Aesculus hippocastanum Се култивира во целиот свет.

Наводи

Категорија:Див костен (род) Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растенија за бонсаи Категорија:Украсни дрва