Филолаос Анастасиу Пихеон () бил грчки офицер, андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.

Животопис Пихеон е роден 1875 година во Охрид, во влашкото семејство на Анастасиос Пихеон кое потекнувало од селото Шиписко, а во Македонија дошло по разорнувањето на Москополе.

По засилувањето на грчката вооружена пропагнада влегол во Елиномакедонскиот комитет и зсатанал на страната на грчката кауза водејќи борба со четите на Македонската револуционерна организација.

Како андартски капетан влегол двапати во Македонија. Првиот пат во 1905 година под псевдонимот капетан Филотас и дејствувал во Костурско. Вториот пат влегол во 1907 година како капетан Лаврас и дејствувал во Мариово.

Во текот на Првата балканска војна, четата на Пихеон влегла прва во Костур на 11 ноември 1912 година. Пихеон умира во 1947 година.

Извори

Пихеон Филолаос Категорија:Гркомани Категорија:Македонски Власи