мини|300п|десно|Спомен-плоча во дворот на основното училиште „Беса“ во селото Бозовце
Фадиљ Сулејмани (; во — ) — македонски политичар. Тој е првиот ректор на Тетовскиот универзитет.
Животопис
Сулејмани е роден во 1940 година во тетовското село Бозовце. Тој и станува познато на јавноста во 1995 година, кога се обидел да отвори универзитет на албански јазик во Македонија. После големи превирања, Сулејмани бил уапсен, а универзитетот функционирал во илегала. Подоцна станува член на партијата на Али Ахмети, ДУИ и влегува во македонскиот Парламент како пратеник. По извесно време поради недогласувања во работата на партијата, се повлекол од истата и делува како независен пратеник. За време на своето ректорување на ДУТ, тој бил обвинуван за низа незаконитости во вршењето на функцијата, меѓу кои најпозната е таа дека неговиот син за четири месеци положил 23 испити и дипломирал на Факултетот за хуманистички науки.
Наводи
Категорија:Луѓе од Бозовце Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски Албанци Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Професори на Државниот универзитет во Тетово Категорија:Ректори на Државниот универзитет во Тетово Категорија:Политичари од ДУИ