Два Бреста — археолошко наоѓалиште во тетовското село Лешок. Претставува населба од римското време. Се наоѓа на 2 км јужно од селото, под патот Тетово-Вратница, од неговата лева страна. Во 1953 година, за времето на садење на овоштарник биле откриени остатоци од темели на повеќе објекти и водоводна мрежа. Истата година и во 1979 година се извршени археолошки истражувања од страна на Музејот на Македонија и Музејот на тетовскиот крај при што е откриена и истражена вила рустика. Денес на површината сè уште се среќаваат фрагменти од керамички садови, луцерни, стаклени садови. Најдени се предмети од накит и монети од II-III векКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Кале — населба од доцноантичко време и среден век; Леска — населба и базилика од доцна антика и старихристијаско време; Пепело — населба од римско време; Црквиште — црква од средниот век; Црници — некропола од римско време; Депо — депо од средниот век; Млака — некропола од средниот век;

Наводи

Категорија:Лешок