Основно училиште „Наим Фрашери“ (официјално: Основно општинско училиште „Наим Фрашери“ - Неготино; скратено: ООУ „Наим Фрашери“) — централно основно училиште во гостиварското село Неготино, Општина Врапчиште.

Училиштето е именувано по албанскиот поет Наим Фрашери.

Историја

Во почетокот на 2011 година во училишниот двор почнала изградба на спортска сала со површина од 1.300 квадратни метри и 400 седишта, која ќе чини 40 милиони денари.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Наим Фрашери“ - Ѓурѓевиште, подрачно петгодишно училиште на албански наставен јазик; ПУ „Наим Фрашери“ - Калиште, подрачно петгодишно училиште на албански наставен јазик; ПУ „Наим Фрашери“ - Ломница, подрачно петгодишно училиште на албански наставен јазик; ПУ „Наим Фрашери“ - Сенокос, подрачно петгодишно училиште на албански наставен јазик;

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Врапчиште Категорија:Неготино (Полошко) Категорија:Училишта посветени на Наим Фрашери Категорија:Основни училишта во Македонија