Ѕвезда — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Горна Ѓоновица. Претставува утврдена населба од римското време. Се наоѓа во приватна нива, која се наоѓа на околу 3 км источно од селото и има приближно 100 × 100 м, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, имбрекси, многуброен градежен материјал, како и згура од топена железна руда. Кај сопственикот на нивата има питос и железно копје најдени на ова место.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Ѓоновичко Кале — населба од римско време и средновековието;

Наводи

Категорија:Горна Ѓоновица