Св. Богородица — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Дебреше. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа на 500 м југозападно од селото, над патот за селото Здуње, во непосредната близина на задружните лозја на вакафскиот рид, каде се гледаат камени плочи и грамада од кршен камен, што се најверојатно остатоци од помала еднокорабна црква и некропола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Горни Крст — средновековна црква и некропола; Горни Ропаич — средновековна црква и некропола; Жубовски Пат — средновековна некропола; Зилбов Гроб — средновековна некропола; Кале — населба од железно и римско време; Долни Крст — средновековна црква и некропола; Спас — средновековна црква и некропола; Сред Село — средновековна црква и некропола; Стражник — некропола од бронзено време; Чатал — населба од доцната антика; Чифлик — некропола од доцната антика. Наводи

Категорија:Дебреше