Градиште — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Чајле. Претставува населба од железно и доцноантичко време. Се наоѓа на околу 2,5 км југоисточно од селото, на доминантен рид од падините на Сува Гора, каде на издолжено плато што зафаќа површина од 120 × 70 м се гледа приближно елипсовидната форма на трасата на бедемот. По површината на градиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Се наѕираат и остатоци од цистерна на североисточниoт дел од наоѓалиштето. Фортификацијата има особено значење за заштитата на комуникацијата Гостивар-Кичево.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Ветва Црква — средновековна црква и некропола; Јурија — средновековна населба; Список на археолошки наоѓалишта во Гостиварско

Наводи

Категорија:Чајле