Црква — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Горно Татеши. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 1.500 м северно од селото, на простор со димензии од околу 200 × 100 м, на повисока тераса со зарамнето плато која доминира над околниот терен. На местото, на кое денес се наоѓаат ниви, се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси и друг градежен материјал. При обработувањето на земјата се откриени темели од објекти градени од кршен камен и варов малтер.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Горно Татеши; Бегова Нива - Ќеле — населба од доцноантичко време; Горна Ливада — некропола од доцен среден век; Кале — утврдување од римско време; Петкова Нива — населба од доцноантичко време; Штрати — населба од доцноантичко време.
Наводи
Категорија:Горно Татеши