Заградишта или На Клак — археолошко наоѓалиште во дебарското село Долно Косоврасти. Претставува тврдина од средниот век. Се наоѓа југозападно од селото, во подножјето на планината Крчин, каде на височинка со неправилна квадратна основа, која има извонреден поглед кон долината на Радика и патот што минува покрај неа. На површината се среќаваат покривни ќерамиди, тули и многу кршен камен. Наместа се забележуваат темели од објекти.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Елица — средновековна црква и некропола; Стар Пат — средновековен пат;
Наводи
Категорија:Долно Косоврасти