Јади, моли се, љуби (со работен наслов „Доблестите на животот“) е американски филм (комедија-драма), снимен во 2010 година, во кој главната улога ја игра Џулија Робертс. Филмот е снимен според истоимените мемоари на Џилберт Јади, моли се, љуби.

Содржина Елизабет Џилберт (Џулија Робертс) го има она што се смета за добар живот: сопруг, куќа, добра работа, но сепак се наоѓа себеси незадоволна од таквиот живот, изгубена и збунета, и тргнува во потрага по она што навистина го сака. Ги презема првите чекори: се разведува и тргнува на пат околу светот. Всушност нејзиното патешествие се состои од три клучни земји: Италија, каде го учи јазикот и ја задоволува својата глад за италијанската храна, потоа Индија, каде поминува неколку месеци во будистички храм и учи да се моли и да медитира, и на крајот оди во Бали, каде учи да ја најде рамнотежата во животот. Таму го сретнува и човекот кој е вистинска љубов за неа.Антена, број 851, 18.10.2014, стр. 15.

Улоги Џулија Робертс како Елизабет Џилберт Хавиер Бардем како Фелипе, човекот во кого се вљубува Џилберт. Били Крадап - Стивен, првиот сопруг на Џилберт. Ричард Џенкинс - Ричард, човекот од Тексас со кого Џилберт се спријателува во храмот во Индија. Виола Дејвис - Делија Шираз, најдобрата пријателка на Џилберт. Џејмс Франко - Дејвид, Џилберт е во љубовна врска со него после разводот. Софи Томпсон - Корела, жена од индискиот храм. Кристина Хаким - Вајан, најдобрата другарка на Џилберт од Бали.

Критики Филмот доживеал претежно лоши критики во Италија. Во Бразил, критиката се однесувала повеќе на говорот на глумецот Хавиер Бардем, кој е Шпанец, а во филмот глуми Бразилец кој зборува лош португалски јазик.Cinema em Cena

Наводи

Надворешни врски

"Eat, Pray, Love" - Not exactly going by the book

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови со Џулија Робертс Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на италијански јазик