Мелани Ричардс Грифит (родена на 9 август 1957 г.) — американска глумица.

Првата улога во кариерата, таа ја добила во филмот Ноќни движења (1975), глумејќи наспроти Џин Хекман. Таа станала позната по улогата во еротскиот трилер Дублерка (1984) режиран од Брајан Де Палма, за која добила награда за најдобра споредна глумица од националното друштво на филмски критичари. Изведбата на Грифит во Чудесна девојка (1986) ѝ донела критички пофалби, а потоа за улогата во Вработена девојка (1988), таа била номинирана за Оскар за најдобра глумица и добила Златен глобус.

Во 1990. години Грифит играла низа на улоги кои добиле различни критики: таа добила номинации за Златен глобус за улогите во телевизиските филмови Бафало девојки (1995) и Проект 281 (1999), а исто така добила и Златна малина за најлоша глумица за нејзината изведба во Пробивање на светлината (1992), и номинации за истата награда за изведбите во филмовите Луди во Алабама (1999) и Избезумениот Сесил Б. (2000). Во овој период таа играла и во филмовите Пацифик Хајтс (1990), Водопадите Мулхоланд (1996), Лолита (1997) и Друг ден во рајот (1998).

Животопис Грифит е ќерка на глумицата Типи Хедрен. Од врската со Дон Џонсон, Мелани Грифит ја има ќерката Дакота Џонсон, која, исто така, е глумица.Наташа Спирова, „Кејт и Голди делат иста смисла за хумор, Изабела и Ингрид безвременска убавина“, Антена, број 866, 30.1.2015, стр. 12-13. Подоцна, таа била омажена за глумецот Антонио Бандерас, но во јуни 2014 година, по 18 години поминати во брак, тие се развеле.„Ослободување од спомените на пропаднатиот брак“, Утрински весник, година XVI, број 4754, вторник, 7 април 2015, број, стр. 24.

Наводи

Надворешни врски

Griffin's weblog

Категорија:Родени во 1957 година Категорија:Американски глумци Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски блогери Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Добитници на Златен глобус