Коњски од — начин на движење на коњот, било природно или како резултат на специјализирана обука од страна на луѓето.

Класификација Коњскиот од може да се подели во две групи: природно, што скоро секој коњ може да го користи без посебна обука, и издресиран, што претставува збир од неколку различни видови „меки“ одења кои се карактеристични само за одредени раси, а најчесто е потребна и посебна обука на коњот, пред воопшто јавачот да може таквите одења да ги искористи при јавањето.

Во природниот коњски од спаѓаат чекор, кас, кентер и галоп.Horse Gaits (анг.) Некои луѓе сметаат дека во оваа група наместо четири, има три вида на од, затоа што кентерот претставува своевидна варијанта на галопот, иако кентерот има три удари со нозете, а галопот четири. Во дресиран од спаѓаат пејс, толт, и други.

Постои и друга класификација на коњскиот од, таканаречено четириножен од, кое вклучува: 1) нормален од (вклучително и чекорот), 2) трчање или кас, и 3) од со потскокнување.

Чекор или нормален од thumb|180|Чекор или нормален од (движење со четири удари) Чекорот или нормалниот од е таканаречен „четириударен од“, при што се постигнува просечна брзина од 6,4 км/чHorse Speed in MPH - How fast is your horse going? The Ultimate Horse Site (анг.). При овој од нозете се менуваат дијагонално и јасно се слуша ударот на секоја нога - според редослед: лева предна, десна задна, десна предна, лева задна.

Според брзината се разликуваат: скратен, среден и брз чекор. Кај чекорот е пожелно задната нога да падне за околу две должини на копитото пред предната нога (тоа се забележува кај средниот и брзиот чекор).

Постои изрека дека коњот што добро чекори, добро и галопира. За почетниците-јавачи чекорот изгледа по малку досадно и монотоно, но овој вид на од многу открива за коњот, затоа што оној коњ што има добри движења при чекорот, што изгледа истрајно и упорно, тој со сигурност е добар и при брзите одења.

Чекорот треба да е правилен и ритмичен. Неправилниот чекор е голема мана и може да укаже на неправилност во околината каде коњот се движи, како и на слабо извршена обука кај дресираните коњи.

Кас thumb|220px|Кас Кас е побрз од, од со два удари, при што нозете се движат дијагонално во пар - левата предна со задната десна и десната предна со задната лева. Периодите додека нозете се на почвата се кратки, а меѓу нив има таканаречена „лебдечка фаза“, кога сите четири нозе се во воздухот.

Од гледна точка на стабилноста, може да се каже дека касот е многу стабилен од при што коњот не мора да прави големо балансирање со главата и вратот.

Во зависност од брзината, и кај касот разликуваме три вида: скратен, среден и брз. Што се однесува до коњите за трки, со најбрз кас се движат коњите од расата за кас.

Треба да се напомене дека иако касот е природен вид од, кај расата коњи за кас тој преминува во издресиран вид - бидејќи коњите во дивината никогаш не достигнуваат големи брзини во кас, туку трчаат со галоп (што е забрането во трките со кас и повлекува дисквалификација).

Брзината што се постигнува при кас се движи меѓу 8 и 12 км/ч, а понекогаш достигнува дури и 19 км/ч.

Кентер и галоп thumb|220px|Галоп Како што беше споменато претходно, кај некои класификации кентерот и галопот се сместени во иста категорија, иако секој од нив има свои специфичности.

Кентер е таков од на коњот кај кое се слушаат три такта (од со три удари). Нозете се движат според следниот редослед: одот започнува со една од задните нозе, да речеме левата, а потоа следува другата задна нога (во овој случај десната) истовремено со предната десна, а на крајот следува левата предна.

Овој вид од се користи при дресура на грлата за галоп, па затоа понекогаш кентерот се нарекува работен галоп. Кентерот е омилен меѓу јавачите кои своето време им го посветуваат на коњите и јавањето, затоа што е удобен за јавање и лесно се совладува.

Галоп е најбрзото коњско движење и претставува од со четири такта (со четири удари). Редоследот на чекорите е ист како и кај кентерот со тоа што кај галопот, поради должината на исчекорот, средниот такт се раздвојува во два (прво земјата ја допира задната, а потоа предната нога - а не истовремено како ка кентерот). И во двата случаја (кентер и галоп) постои фаза на лебдење кога ниедна нога не ја допира земјата.

Кај галопот чекорот се издолжува и со тоа станува побрз, но секогаш го задржува соодветниот ритам. Бидејќи расчекорот се издолжува, висината на грбот се спушта и со тоа коњот изгледа многу помал, односно понизок. При полн галоп коњите достигнуваат големи брзини, дури до 70 км/ч. Во природни услови галопот им служи на коњите за бегање од нивните природни непријатели.

Пејс thumb|Пејс Пејс (анг. pace) е двотактен вид на од што на прв поглед потсетува на кас, меѓутоа постои голема разлика меѓу нив. Пејсот не е вроден вид од . Кога коњот трча, наизменично гази со паралелни нозе (лева предна со лева задна, па десна предна со десна задна), при што се добиваат два такта (удари). И кај овој вид на од има фаза на лебдење.

Во САД се многу распространети и популарни трките на коњи пејсери за кои се организираат посебни трки, а нивниот од се потпомага со специјална опрема. При пејс коњите развиваат брзина скоро како и при галоп. Бидејќи нозете ги разменуваат паралелно, нема опасност од престигнување, а со тоа е помала и опасноста од повреди.

Во Јужна Америка е распространета раса коњи (Paso Fino) што се движат со пејс и кои се многу удобни за јавање. Интересно е да се каже дека овој вид на од им е вроден на камилите и нивните сродни видови (пр. ламите).

Толт thumb|220px|Исландски коњ при толт Толт (исланд. tölt) е еден вид брз од, при што се слушаат четири такта (удари). Нозете се движат според следниот редослед: лева задна, лева предна, десна задна, десна предна. Во текот на одот коњот ја држи главата многу високо.

Овој вид на од е најпознат кај расата Исландско пони - кај нив се јавува како вродена особина и се воочува уште на рана возраст, кај ждребињата. Исландските коњи се во состојба да постигнат многу голема брзина со ова од, дури и на нерамни терени. Толт е многу удобен за јавање.

Поврзано Коњички спорт Коњска опрема

Наводи

Надворешни врски Со галоп до шест милиони долари во Дубаи - Утрински весник Коњ во галоп до смрт влечел девојче - Вест

Категорија:Коњи Категорија:Коњички спорт Коњско