мини|Елејн Шоволтер Елејн Шоволтер (, р. ) — американска критичарка, феминистка и писателка на културни и општествени теми. Таа е еден од основачите на феминистичката книжевна критика во академската средина во Соединетите Американски Држави, развивајќи го концептот и правецот наречен гинокритика. Таа е добро позната и почитувана во академските и останатите популарни и културни области. Таа има напишано и издадено голем број книги и статии на различни теми, од феминистичка книжевна критика до мода, понекогаш предизвикувајќи голема контроверзии, особено во нејзиното истажување на болести. Шоволтер е телевизиска критичарка за списанието „Пипл“ и коментатор на радио и телевизија „Би Би Си“.
Личен Живот Родена како Елејн Котлер во Бостон, Масачусетс, Шоволтер се посветува на академска кариера наспроти желбите на нејзините родители. Таа дипломирала на колеџот „Брајан Мавр“, магистрирала на Универзитетот Брандис, а докторирала во 1970 година воУниверзитетот на Калифорнија Дејвис. Првпат се вработила на Даглас колеџот при Универзитетот Рутгерс. Таа подоцна станува дел од академскиот кадар на Универзитетот Принстон во 1984 година, а предвремено се пензионирала во 2003 година. Нејзиниот татко се занимавал со волна, а мајка и била домаќинка. Кога имала 21 година, нејзините родители ја отфрлиле поради брак надвор од нивната еврејска вера. Нејзиниот сопруг Шоволтер, студирал на Јејл и е професор по француска литература. Тие имаат две деца, Мајкл Шоволтер, глумец и комичар, и Винча Шоволтер Лафлер, професионален писател на говори.
Кариера Шоволтер е специјалист по викторијанска литература од крајот на 19 век. Нејзината најиновативна работа во оваа област е проучувањето на лудилото и хистеријата во литературата, особено во делата на жените и во претставувањето на женските ликови. Таа е професорка емерита на Авалон фондацијата. Добила повеќе академски признанија, меѓу кои стипендијата „Гугенхајм“ (1977-1978) и стипендијата за општествени науки „Рокфелер“ (1981-1982). Таа е исто така поранешен-претседател на Асоцијацијата за современи јазици (МЛА). Најпознати дела на Шоволтер се „Кон една феминистичка поетика“ (1979), „Женската болест: жените, лудилото, и англиската култура“ (1830-1980) (1985), „Сексуалната анархија: родот и културата во периодот „Фен де сјекл“ (1990), „Хистерии: хистеричните епидемии и современите медиуми“ (1997), и „Измислувајќи се себеси: за феминистичкото интелектуално наследство“ (2001). Во 2007 година Шоволтер била претседавач на жири комисијата за престижната Букерова награда за книжевност.
Книгата на Шоволтер „Измислувајќи се себеси“ (2001), која е истражување на феминистичките икони, се чини дека е кулминација на долгогодишниот интерес за пренесување на важноста за разбирањето на феминистичката традиција. Првите раскази и уредувачката работа во доцните 1970-ти и 1980-тите години се дел од истражувањето на историјата на феминистичката традиција во рамките на „дивите предели“ од книжевната теорија и критика. Пишувани во областа на феминистичката книжевна теорија и критика, кои тукушто доживуваа сериозен научен подем на универзитетите во 1970 година, делата на Шоволтер одразуваат свесен напор да се истакне важноста на минатите достигнување во нејзината дисциплина со цел таа да се заоснова на суштинска теорија, и да се собере база на знаења што ќе биде во можност да отвори простор за идните феминистички академски истражување. Во делото Кон една феминистичка поетика, Шоволтер трага во историјата на женската литература, укажувајќи на тоа дека таа може да биде поделена на три фази:
Женствена: Во женствената фаза (1840-1880), „жените пишувале во обид да се изедначат со интелектуалните достигнувања на машката култура, усвојувајќи ги машките претпоставки во врска со женската природа“. Феминистичка: феминистичката фаза (1880-1920) се одликува со дела на жени кои протестирале против машките стандарди и вредности и кои се заложиле за правата на жените и нивните вредности, вклучувајќи го и барањето за автономија. Женска: во женската фаза (1920 - ), вели Шоволтер, „жените ги отфрлаат имитацијата и протестот - двете форми на зависност и наместо тоа се свртуваат кон женското искуство како извор на автономна уметност, проширувајќи ја феминистичка анализа на културата на форми и техники на литературата“.
Одбивајќи ги протестот и имитацијата, Шоволтер се залага за приближување кон феминистичката критика од една културна перспектива во тековната женска фаза, а не од перспективишто традиционално доаѓаат од андроцентричната перспектива како, на пример, психоаналитичките и биолошките теории. Феминистките во минатото имаат работено во рамките на овие традиции ревидирајќи и критикувајќи ги претставите за жените, или нивното отсуство, во машките традиции (во женственаата и феминистичката фаза). Во својот есеј „Феминистичката критика во дивите предели“ (1981), Шоволтер вели: „Културната теорија признава дека постојат важни разлики помеѓу жените како писатели: класа, раса и националност, и историјата се исто толку значајни фактори во литературата колку и родот. Сепак, женската култура формира колективното искуство во рамки на културната целина, искуство што ги поврзува сите писателки меѓу себе во текот на времето и просторот“. Шоволтер не застапува замена на психоанализата, на пример со културната антропологија, поточно речено таа предложува пристапот кон делата од женски автори да биде од културна перспектива, е една од многуте основни перспективи што ќе ги открие сите женски традиции. Сепак, културната антропологија и социјална историја се особено плодни, бидејќи тие „можеби можат да ни нудат терминологија и дијаграм на културното ситуацијата на жените“. Протестот на Шоволтер е дека феминистичката критика мора да ги користи културните анализи како начин да се разбере што жените пишуваат, наместо да диктира што треба да се пишува. Сепак, како изолационист, перспективата на Шоволтер можеби на прво слушање звучи како таа да не се залага за одвојување на женската традиција од страна на машката традиција. Таа тврди дека жените мора да работат и однатре и однадвор во однос на машката традиција истовремено. Шоволтер вели дека најконструктивниот приод кон иднината феминистичката теорија и критика лежи во негувањето на нова женствена културна перспектива во рамките на една феминистичка традиција која истовреме постои во рамките на машката традиција, но од која не зависи или не мора да и поднесува одговор.
Гинокритика Шоволтер го споила терминот „гинокритика“ за да се опише книжевната критика заснована на женската перспектива. Веројатно најдобриот опис на „гинокритиката“ Шоволтер го дава во „Кон една феминистичка поетика“: За разлика од едно гневно или опсесивното ценење на машката литература, во програмата на гинокритиката е да се изгради женска рамка за анализа на литературата на жените, за развој на нови модели врз основа на проучувањето на женското искуство, наместо да се приспособи на машките модели и теории. Гинокритиката започнува во моментот кога ќе се ослободиме од линеарната апсолутност на машката книжевна историја, кога ќе запре обидот да се вклопат жените меѓу редовите на машката традиција, а место тоа да се насочиме кон новиот и видлив свет на женската култура. Ова не значи дека целта на гинокритиката е да се избришат разликите помеѓу машкото и женското пишување, гинокритиката не е „поклонение во ветената земја во која родот ќе ја изгуби својата моќ, во која сите текстови ќе бидат бесполови и еднакви, како ангелите“. Наместо тоа, гинокритиката има за цел да се разбере специфичноста на женското пишување не како производ на сексизмот, туку како темелен аспект на женски реалност. Шоволтер ја признава тешкотијата на „дефинирањето на единствената разлика во пишувањето на жените“, за која во есејот „Феминистичката критика во дивите предели“ вели дека е „лизгава и напорна задача“. Таа вели дека гинокритиката можеби никогаш нема да успее во разбирањето на посебните разлики на женското писмо, или да се реализира како посебна женска книжевна традиција. Но, заснована на теоријата и историските истражувања, Шоволтер ја гледа гинокритиката како начин да се научи нешто цврсто, трајно, вистинско и за поврзаноста на жените со книжевната култура“. Таа силно ја нагласува потребата да се ослободиме „себеси од директната апсолутност на машката книжевна историја“. Тоа ќе биде точката каде што гинокритика започнува.
Критики и контроверзии Веројатно најгрубиот критичар на Шоволтер во однос на нејзината феминистичка книжевна теорија е Торил Муа, од Универзитетот Дјук, која во нејзината книга „Сексуална-текстуална политика“ (1985), ја обвинува Шоволтер дека има ограничен поглед кон жените. Муа посебно ги критикува идеите на Шоволтер во врска со женската фаза и идеите за една автономија на жената и потребата на внатрешно трагање по женскиот идентитет. Во претежно пост-структуалистичка ера кога се предлага дека смислата е контекстуална и историска, а дека идентитетот е социјално и јазично конструаиран, Муа тврди дека не постои фундаментално женско-јас. Според Муа, проблемот на рамноправноста во книжевната теорија не лежи во фактот дека книжевниот канон е фундаментално машки и нетипичен за женската традиција, туку проблемот лежи во фактот дали навистина постои канон еднаков за сите. Муа тврди дека женскиот книжевен канон ќе биде не помалку жесток од машкиот, бидејќи тоа значи дека ќе претставува посебна социо-демографска женска класа, која не би можела да ги претставува сите жени бидејќи женската традиција драстично се разликува во зависност од класата, етничката припадност, социјални вредности итн. Женската свесност не може да постои од истите причини. Муа се спротивставува на она што го смета за есенцијалистичка позиција, т.е. се спротивставува на секое утврдувањето на идентитетот врз основа на родот. Критиката на Муа била влијателна, како дел од една поголема дебата меѓу есенцијалистите и постмодерните феминистички теоретичарки во тоа време.
Хистерија и „модерните“ болести Контроверзното пишување на Шоволтер за болестите како што се „поделена личност“ (порано наречена растројство на личноста), синдромот „Заливска војна“ и синдромот на хроничен замор во нејзината книга „Хистерии: хистерични епидемии и современи медиуми“ (1997) налути многумина во здравствената струка и многумина кои страдаат од овие болести. Пишувајќи во „Њујорк тајмс“, психологот Керол Тарвис коментира дека „Во отсуство на медицинска сигурност, верувањето дека сите овие симптоми се од психолошко потекло не е подобрување во однос на верувањето дека не е постои ниту еден од нив“. Неодамна објавени студии во списанието „Наука“ и во Зборникот на Националната академија на науките покажа дека пациентите со циндром на хроничен замор се инфицирани со класа на ретро-вирусите со стапка од 66-85%, додека помеѓу здравствените контролори биле заразени со стапка помеѓу 4-7%, а тоа покажува дека или СХЗ-пациентите страдаат од недостиг на имунитет или дека постои инфективен агент во игра додека трае болеста. Шоволтер (која нема никаква формална медицинска обука) признава дека добивала писма кои содржат доза на омраза, но тоа не го променило нејзиниот став дека овие состојби се современи манифестации на хистеријата.
Популарната култура Шоволтер, исто така, се судри со критиките во доцните 1990-ти за нејзините текстови за популарната култура, кои се појавија во магазини како „Вог“ и „Нацијата“. Деидре Инглиш во американскиот магазин „Нацијата“ напиша: Како што пост-структуалистичката критика на политиката на идентитетот се одржуваше во текот на следната деценија и повеќе, така таа, се чини, стана старомодна, во идеите и во облекувањето, за авангардата на женските професионалци да се идентификуваат било со мажи или жени. Контроверзните квоти од Шоволтер за изданието на „Вог“ во 1997: