Крилја се органи кај птиците (што се развиле од предните екстремитети) или инсектите и служат за летање. thumb|300px|Птичји крилја Анатомија на птичјото крило Крилото кај птиците се состои од коска на рамото која е долга, шуплива и исполнета со воздух. На неа се надоврзуваат цврстата лакотна и прилично слабата палечна коска, кои заедно ја чинат подлактицата. Потоа следуваат две или најмногу три коски на зглобот и три редуцирани прсти. Кај некои видови птици палецот има нокт кој навистина личи на канџа, но е скриена со пердуви. Веднаш до палецот се наоѓа редуциран втор прст со две членчиња, а до него е сраснатиот трет прст со еден членче.

Изглед Крилото претставува двојна лепеза (на сликата означено со буквите "n" и "m") што се шири во лакотниот зглоб и зглобот на метакарпалната коска, чија голема површина ја сочинуваат пердуви за летање, наредени во два реда еден зад друг, а кај коренот се прекриени со неколку редови т.н. покривни пердуви (на сликата означено со буквата “о“), така што заедно сочинуваат мазна, непрекината површина.Animal biology, Wing of a bird (анг.)

Птиците кои не ги користат крилјата за летање немаат пердуви за летање. Таков е случајот, на пример, со пингвините кои крилјата ги користат за летање и како кормило, или кај ноевите кои со крилјата само го помагаат одењето или трчањето, а исто така ги користат во ритуални цели (за привлекување на припадници од спротивниот пол).

Напомена Според граматичките правила во македонскиот јазик, именката крило има две изведени форми: крилја, што вообичаено се користи за живите организми, и крила, што се користи за воздухопловни објекти (авиони, ракети и сл.) или за објекти и предмети изработени од човекот (крила на шкаф, крила на зграда итн.) или пак за општествени движења (пр.: конзервативни крила во партија и сл.) и кај спортски термини (пр.: левите крила на двете екипи).Блаже Конески, Граматика на македонскиот литературен јазик. Скопје: Култура, 1987, стр. 259.

Крилјата како тема во уметноста и во популарната култура Крилјата се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како: „Крилја“ (Крила) - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 52-53. „Вингс“ (Wings) - англо-американска музичка група, основана во 1971 година од Пол Макартни.Англиска википедија (пристапено на 7.2.2106) „Птичји крилја“ (Bird wings) - песна на британската група „Фјучер соунд оф Лондон“ (The Future Sound of London) од 1994 година.DISCOGS, The Future Sound Of London ‎– Lifeforms (пристапено на 13.11.2020) „Крилја“ (Wings) - американски филм од 1927 година.IMDb, Wings (1927) (пристапено на 7.2.2106)

Поврзано Распон на крилја

Наводи

Категорија:Птици Категорија:Анатомија на птиците