Црквиште — археолошко наоѓалиште во дебарското село Броштица. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 1 км северно од селото, каде се среќаваат грамади од кршен камен и делумно обработен камен. Исто така, на површината се оцртуваат делови од апсидниот и северниот ѕид на помала црквичка. Околу просторот на црквата се гледаат грубо обработени монолитни камени плочи од гробови, поставени во правец исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Стара Куќа — средновековна населба; Броштица; Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;
Наводи
Категорија:Броштица