Рашо Ливада — археолошко наоѓалиште во кичевското село Лазаровци. Претставува депо на монети од средниот век. Се наоѓа во приватна нива, каде во 1936 година е најдено депо на средновековни српски монети кои денес се чуваат кај приватен колекционер од селото Лазаровци.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Сретсело — раносредновековна населба; Стар Задел — депо на сребрени монети од римското време; Лазаровци; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Лазаровци