Сина Вода — археолошко наоѓалиште во кичевското село Раштани. Претставува населба и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 500 м североисточно од селото, на простор од 1 ха, обраснат со дабова шума, каде има грамади од кршен камен, а наместа се гледаат темели од објекти. Во нивите што се непосредно до наоѓалиштето, според кажувањето на локален селанец, со орањето биле откривани гробови градени од камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Дреновска Нива — средновековна црква и некропола; Раштани; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Раштани (Кичевско)