Миќо Костенче — археолошко наоѓалиште во кичевското село Осој. Претставува некропола од средниот век. Се наоѓа на источната страна на селото, во непосредната близина на некогашниот задружен дом, каде од левата страна на патот се гледаат гробни конструкции градени од камени плочи, со насоченост исток-запад. Оваа месност мештаните ја нарекуваат уште и Римски Гробишта.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Јачмиште — доцносредновековна некропола; Латинска Црква — средновековна црква и некропола; Раздол — доцноантичка некропола; Црквиште — доцноантичка населба; Осој; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи
Категорија:Осој (Кичевско)