Бохолско Море или Минданајско Море се наоѓа помеѓу островите во склоп на Филипините со Минданао на југ и Бохоли и Лејте на север. Двата поголеми острови коишто се наоѓаат во морето се Сикихор и Камигин. Поврзано е со Филипинското Море на исток, Камотско Море на север и Сулуското Море на запад. Најголеми градови коишто се наоѓаат на бреговите на ова море се: Кагајан де Оро Сити Илиган Сити Бутуан Сити Озамис Сити Тагбиларан Сити

Категорија:Мориња во Азија Категорија:Мориња на Филипините Категорија:Мориња во Тихиот Океан