Свети Спас — македонски православен храм во скопското село Мршевци. Храмот се наоѓа на мало возвишение над селото, веднаш до фудбалското игралиште. Црквата е осветена во 1998 година. Во нејзин склоп постои сала за ручек која собира 250 гости, а моментално се реконструира и чешма. Голем народен собор се одржува за патрониот празник Спасовден кој воедно е и селска слава на селото. Внатрешноста на црквата е живописана со нови фрески, кои се дар од семејствата кои живеат или водат потекло од селото Мршевци, а има и мермерен иконостас.
Галерија
Мршевци Категорија:Македонската архитектура во 1998 година