Херцеговско-неретванскиот кантон е еден од десетте кантони во Босна и Херцеговина. Кантонот ја зазема долината на реката Неретва во Херцеговина. Мостар е административен центар на кантонот.
Општини Кантонот е поделен на следните општини: Чаплина, Читлук, Јабланица, Коњиќ, Мостар, Неум, Рама, Равно и Столац.
Население
Овој кантон е еден од двата кантона во Федерацијата каде има мешано население од Бошњаци и Хрвати. Хрватите се мнозинство во Чаплина, Читлук, Прозор-Рама, Равно и Столац, додека Бошњаците се мнозинство во Јабланица и Коњиќ. Мостар има исто така мешано население.
Поврзано Босна и Херцеговина Федерација Босна и Херцеговина Херцеговина Административна поделба на Босна и Херцеговина Кантони во Босна и Херцеговина
*