Јустин Филозоф или Јустин Маченик (105 - 165) бил ранохристијански филозоф, теолог и маченик.

Јустин е роден во градот Сихем, подоцна Наблуз, во денешна Палестина. По потекло најверојатно бил Грк. Тој во своите дела самиот дал податоци за својот живот, а особено детално го опишал текот на својата интелектуална одисеја во Дијалогот со Трифон. Го примил христијанството, задржувајќи ја тогата на филозоф. Поминал низ повеќе тогашни филозофски школи: стоичка, перипатетичка, платонска. Самиот велел дека на неговата одлука особено влијаело тоа што ја гледал чудната радост на мачениците кога тие умирале за Исус Христос.

Заминал во Рим во филозофска долама, каде набргу стекнал големо почитување и многу приврзаници. Присуствувал на маченичкиот крај на Свети Птоломеј и Лукиј. Гледајќи го мачењето на невините христијани, тој напишал апологија (одбрана) на христијаните и христијанското учење и му ја предал на римскиот цар Антонин Пиј и на сенатот. Императорот со внимание ја прочитал апологијата и наредил да престане гонењето на христијаните. Јустин го зел преписот од царевата наредба и со неа отишол во Азија, каде што со помош на таа наредба спасил многу гонети христијани. Потоа се вратил во Рим.

Кога настапило гонењето од Марко Аурелиј, тој напишал втора апологија и му ја упатил на владетелот. По ова, филозофот Крискент го обвинил како христијанин, од завист што Јустин го победувал во сите расправии, па Јустин допаднал во темница. Посакувајќи му смрт на Јустин, а плашејќи се овој некако да не се оправда на судот, Крискент начекал прилика, па според преданието, тој успеал да го отруе Јустин во темницатаhttp://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=932&Itemid=97.

Наводи

Надворешни врски

Житија: Светиот маченик Јустин Философ - од МПЦ-ОА Јустин Философ - од Порталот Премин Дијалогот со Трифон критичко издание од Philippe Bobichon

Категорија:Родени во 103 година Категорија:Починати во 165 година Категорија:Ранохристијански маченици Категорија:Христијански апологети Категорија:Христијански пацифисти Категорија:Црковни отци Категорија:Христијански теолози Категорија:Римокатолички светци од Палестина Категорија:Светци од Светата Земја Категорија:Антигностицизам Категорија:Англикански светци Категорија:Патристика Категорија:Римјани од 2 век Категорија:Христијански светци од 2 век Категорија:Родени во 100 година Категорија:Погубени со обезглавување