Дерик Џејсон Вибли (англ. Deryck Jason Whibley; р. 21 март 1980 г.) — канадски музичар и продуцент, кој е најдобро познат по неговата работа како гитарист, главен вокал, текстописец и член на рок-групата Sum 41.

Личен живот Брак со Аврил Лавињ thumb|right|Поранешната жена на Вибли, Аврил Лавињ.

Вибли и канадската пејачка/текстописец Аврил Лавињ, почнале да излегуваат уште откако таа имала 19 години, а се познавале 17 години. Само неколку недели пред да се запознаат, Лавињ кажала дека има проблем со запознавањето на момчиња, бидејќи нејзините телохранители ги плашеле. Во јуни 2005 г., Вибли ја изненадил Лавињ со патување во Венеција, каде тие се возеле со гондола и на 27 јуни, тој ја запросил.

Таа веднаш сакала да има „рокенрол, готска свадба“, но признала дека се двоумела дали треба да ја одржи вистинската традиција. „Јас сонував за мојата венчавка уште откако бев малечко девојче. Морам да го носам белиот фустан.... Луѓето мислеа дека ќе носам црн венчален фустан, а јас така и ќе се облечев. Но во истото време, јас мислев и на свадбените слики и сакав тие да бидат убави. Не сакав 20 години подоцна да мислам, 'Зошто ја носев мојата коса така?“

Венчавката била одржана на 15 јули 2006 г. Околу 110 гости се појавиле на свадбата, која била одржава во приватна зграда во Монтесито, Калифорнија. Песната „Iris“, од Гугу Долс била свирена за време на првиот танц на Лавињ и Вибли на венчавката.

Седум месеци откако се венчали, Лавињ рекла дека таа е „најдоброто нешто што му се случило нему“ и кажала дека му помогнала на Вибли да се оттргне од дрогата откако почнале да излегуваат заедно. „Тој не се дрогира. Отпорано се дрогираше, бидејќи зборуваше за тоа, но јас никогаш не би била со некој кој го правел тоа и тоа му го дадов на знаење уште откако почнавме да излегуваме заедно. Јас никогаш не сум земала кокаин во мојот живот и горда сум на тоа. 100 проценти сум против дрогата.“ Нивниот брак траел помалку од 3 години. На 17 септември 2009 година било изјавено дека Лавињ и Дабли се разделиле и дека документите за нивниот развод ќе пристигнат наскоро. На 9 октомври 2009 г., Лавињ ги пополнила документите за развод, кажувајќи, „Јас сум задоволна од нашето заедничко време и сум задоволна и за нашето сегашно пријателство.“ Разводот бил завршен на 16 ноември 2010 г. со официјално завршување на бракот.

Дискографија Sum 41

Half Hour of Power (2000) All Killer No Filler (2001) Does This Look Infected? (2002) Does This Look Infected Too? (2003) Chuck (2004) Go Chuck Yourself (2005) Underclass Hero (2007) All the Good Shit: 14 Solid Gold Hits 2000-2008 (2009) Screaming Bloody Murder'' (2011)

Поврзано Список на гитаристи

Наводи

Надворешни врски Sum 41 Официјалната станица на бендот на Дерик Вабли

Fender Artist Deryck's Fender Artist Profile Squier Guitars Deryck's Signature Telecaster

Категорија:Живи луѓе Категорија:Пејачи Категорија:Sum 41 Категорија:Аврил Лавињ Категорија:Родени во 1980 година