Црквиште — археолошко наоѓалиште во кичевското село Колари. Претставува некропола од средниот век. Се наоѓа на североисточниот раб на селото, каде со заштитните археолошки ископувања во 1966 година биле откриени средновековна некропола и остатоци од мала црква. Гробовите се градени од големи камени плочи со насоченост исток-запад. Во гробовите не се најдени други наоди освен железни клинци.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано
Колари; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи
Категорија:Колари