Апостол Варнава — еден од Седумдесеттемината апостоли и еден од најраните ученици во Ерусалим."Barnabas." Cross, F. L., ed. The Oxford dictionary of the Christian church. New York: Oxford University Press. 2005Harris names him as a "prominent leader" of the early church in Jerusalem. Harris, Stephen L., Understanding the Bible. Palo Alto: Mayfield. 1985.
Животопис Варнава е роден на Кипар, од богати родители од Левиевото племе и заедно со Апостол Савле учел кај Гамалиил. Неговото родно име било Јосиф, но апостолите започнале да го викаат Варнава, што значи „Син на утехата“, наводно поради тоа што можел да ги теши човечките души.
Во времето кога апостолот Павле го примил христијанството, еден од првите кој ги покрстил бил Варнава. Потоа, заедно со Апостол Павле и Апостол Марко, Варнава го проповедал евангелието во Антиохија. Според некои извори, тој прв проповедал и во Рим и во Милано. Пострадал на островот Кипар од Евреите, а Марко го погребал на западните порти од градот Саламина со Евангелието според Матеј на градите, коешто самиот рачно го препишал.http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1499 Неговиот гроб останал непознат неколку векови. Во времето на царот Зинон, кога бил одржан Халкидонскиот собор, според христијанските верувања, апостолот му се јавил на Кипарскиот архиепископ Антим, и тоа трипати во три ноќи, и му го објавил својот гроб. По јавувањето и откривањето на моштите на апостол Варнава била основана Кипарската црква, како апостолска, односно денешната автокефална црква.
Поврзано
Послание на апостол Варнава — апокрифно послание
Наводи
Категорија:Седумдесет апостоли Категорија:Починати во 61 година Категорија:Писатели од 1 век Категорија:Христијански писатели Категорија:Кипарски светци Категорија:Римокатолички светци од Кипар Категорија:Православни светци Категорија:Источнокатолички светци Категорија:Светци од Светата Земја Категорија:Еврејски писатели Категорија:Евреите и јудаизмот во Кипар Категорија:Личности од Новиот завет Категорија:Римокатолички светци од Палестина Категорија:Римокатолички светци Категорија:Англикански светци Категорија:Епископи од 1 век Категорија:Пророци во христијанството Категорија:Ранохристијански маченици Категорија:Христијански маченици од 1 век Категорија:Светци на Златната Легенда Категорија:Христијани од 1 век Категорија:Еврејско-христијански теми Категорија:Дела на светите апостоли Категорија:Патристика Категорија:Родени во непозната година Категорија:Светци од Новиот завет Категорија:Личности од Павловите посланија Категорија:Христијански светци од 1 век