Иринеј Лионски e христијански светец, еден од големите Отци на црквата.
Иринеј е роден во Смирна. Бил ученик на смирненскиот епископ свети Поликарп. Од непознати причини, Иринеј ја напуштил Смирна и отишол во Рим. Свети Иринеј бил ракоположен за презвитер од свети Поликарп и заедно со Потин проповедал во Галија (денешна Франција). Тие двајца свети мажи ставиле основи на црквите во Лион и Виена. Епископот Потин бил затворен и во затворот се упокоил. Свети Иринеј се спасил од тоа прогонство, и по смртта на Потин, лионските христијани го избрале за свој епископ во 178 годинаhttp://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1730.
Иринеј напишал пет книги против ересите. Во нив јасно и красноречиво го изложил христијанското учење и ги побивал лажните учители.
Свети Иринеј во своите постари години кажал: „јас живо помнам сè што ми раскажуваше Поликарп за своите беседи со Јован Богослов, којшто говорел за Исус Христос, за Неговите чудеса и учење. И, Поликарп верно ни предаваше сè она што беше чул од очевидецот на Словото на животот. Јас, по Божја милост, сето тоа го слушав со внимание и го запишав не на хартија, но во срцето си”.
Наводи
Категорија:Родени во 2 век Категорија:Починати во 3 век Категорија:Православни светци Категорија:Антигностицизам Категорија:Христијански апологети Категорија:Христијански теолози Категорија:Црковни отци Категорија:Грчки светци Категорија:Римокатолички светци од Грција Категорија:Римокатолички светци од Анадолија Категорија:Светци од Анадолија Категорија:Лион Категорија:Религијата во Измир Категорија:Теолози Категорија:Епископи од 2 век Категорија:Римокатоличка мариологија Категорија:Христијански светци од 2 век Категорија:Римјани од 2 век Категорија:Римјани од 3 век Категорија:Англикански светци Категорија:Римокатолички светци од Франција Категорија:Свештеномаченици Категорија:Патристика Категорија:Црковни учители