Калојанска Црква — археолошко наоѓалиште во кичевското село Карбуница. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа во непосредната близина на селото, од неговата североисточна страна, лево од патот што води за Кичево, каде се забележуваат остатоци од мала еднокорабна црква и околу неа гробови градени од камени плочи - тип циста, поставени во правец исток-запад. При изградбата на патот биле уништени повеќе гробови во кои имало монети.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Каленско Плење — сдоцноантичка населба; Крастица — средновековна некропола; Кржалица — населба и некропола од хеленистичко и доцноантичко време; Св. Богородица — средновековна црква; Фрњомлака — доцноантичка населба; Карбуница; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Карбуница