За други значења на поимот, видете ја страницата за појаснување. мини|По скопскиот земјотрес: новоизградени монтажни објекти во населба Бутел, 1964 г. мини|десно|250п|Бутел и околните населби (на список) во рамките на Општина Бутел. Бутел — заедничко име за две населби во северно Скопје. Двете населби се Бутел I и Бутел II.

Историја Во век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската Каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано како Бу Тел со христијанско население и имало 20 христијански домаќинства . На овој попис биле забележани 61 мажи христијани, со 9 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 140 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 99 жители.

На крајот на XIX век Бутел било мало село во Скопската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Бутелъ живееле 84 Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.206

На почетокот на XX век целото христијанско население потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев во 1905 г. Бутел имал 128 жители, сите Македонци.Brancoff, D.M. „La Macedoine et sa Population Chretienne“. Paris, 1905, р.114 – 115.

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, каде е дел од Општина Булачани и има 885 жители. Во оваа бројка бил вклучен и чифликот Бутел.

На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележлил Бутел како македонско село.Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на СХС во 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Населението нагло пораснало по земјотресот од 1963 г., кога е подигната урбана населба за сместување на обездомените.

Според пописот од 2002 г. Бутел има 14.005 жители, и тоа во следниов етнички состав:

Како најстари фамилии во Бутел (I и II) се паметат. Барџови (најстари во Бутел), Видински (доселени од Кучевиште), Давчеви (доселени од Кожле), Гижарови и Џамбови (доселени од Бродец), Шаторови (доселени од Булачани)и Петковски. Потоа муслимани. Мемедовци (доселени од Елово), Маљовци (доселени од Долно Количани), Алибегови, Идризбегови, Зеќировци и Муртезовци (многу стари во Бутел), Ајвазовци (доселени од Чифлик), Шаќировци (доселени од тетовско), Мустафовци или Бреждани (доселени од Брест), и уште некои други.

Националност Вкупно Македонци 7.616 Албанци 4.846 Турци 450 Роми 104 Власи 27 Срби 377 Бошњаци 406 други 179

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Бутел има 24.391 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно Македонци 10.451Албанци 8.646Турци 1.229Роми 258Власи 56Срби 353Бошњаци 1.002Други2.396

Население низ историјата

Верски објекти Црква „Св. Јован Крстител“ — соборна црква на населбата. Во изградба од 2012 година.

Личности

Марјанчо Бошковски (1973–2001) — македонски бранител Елиф Елмас — македонски фудбалер Јован Попзлатанов — македонски фудбалер

Поврзано Скопје Наводи

Категорија:Населби и маала во Скопје