Константин Георгиев Самарџиев, познат како Коне Самарџиев ( - ) — македонски просветен деец, книжар, печатар и издавач во Солун Автобиография на Коне Г. Самарджиев - 1908 г., во: списание „Развитие“, II, кн. XI-XII, 1919 година, стр. 331 - 335.. Учествувал во македонското револуционерно движење кон крајот на 19 и почетокот на XX век. Тој бил еден од дејците на егзархиска групација во Македонија Христо Силянов, Освободителнитѣ борби на Македония т.1, 123 - 124 и приврзаник на Бугарското тајно револуционерно братство, а по саморастурањето на Братството, toj станал член на Македонската револуционерна организација Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893-19033 година, Институт за Историја, филозофски факултет, Скопје, 2003..

Животопис мини|десно|200п| Лого на печатницата на Коне Самарџиевмини|десно|200п| Лого на печатницата на Коне Самарџиев

Ран живот Самарџиев е роден во 1854 година во Прилеп. Учел во тамошното световно училиште и заедно со својот татко се занимавал со самарџиство. Во 1883 година, тој се преселил во Солун и на 1 септември со помош на Насте Стојанов и Димитар Ризов отворил книжарница за печатење на книги за бугарските (егзархиски) училишта и библиотеки во Македонија.

Просветна и издавачка дејност мини|лево|200п|Коне со семејствотоВо 1888 година, при печатницата на Салваторе Муратори, тој отворил бугарско (словенско) одделение за печатење на учебници за основните училишта и прогимназии. Од 1889 година, Самарџиев почнал да го печати и издава книжевно-етнографско научно списание „Книжици за читање“Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 43 во кое биле објавувани трудовите на Димитар Матов, Васил Иванов К’нчов, Марин Дринов и Андреј Тошев.

Секоја година Самарџиев го печател и издавал „Македонски календар - Св Кирил и Методиј“, под редакцијата на Димитар Ризов, кој собирал статии, истражувања и песни од истакнати бугарски и македонски научници и општественици во Бугарија, како Иван Вазов, Петко Славејков, Марин Дринов, Трајко Китанчев , Константин Мишајков, Андреј Љапчев, Константин Величков и ги праќа за печатење во Солун. "Македонскиот календар" и "Книжици за читање" се единствените периодични македонски печататени изданија во Отоманското Царство, во тоа време.

Револуционерна активност Во 1892 година, Самарџиев и Насте Стојанов биле уапсени и испратени на заточение поради печатена и растурање на литература.Македония. История и политическа съдба., том І, МНИ, София, 1994, стр. 295 - 296. Во средината на 90-те години на 19 век, Коне бил во егзархиската групација во Македонија, а од 1897 година приврзаник на Бугарското тајно револуционерно братство. По растурањето на Братството, бил покрстен од страна на Пере Тошев во Македонската револуционерна организација Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает .....

Подоцнежни години и смрт Во 1903 година печатницата на Самарџиев била затворена, а повторно почнала да работи по Младотурската револуција во 1908 година. Самарџиев ги печател списанијата "Културно единство", "Татковина " (1909) и "Искра" (1911 - 1912). Во јуни 1911 година Самарџиев ја поддржал иницијативата за основање на легална политичка партија на Бугарите (Македонците-егзархисти) во Отоманското Царство, но проектот пропаднал поради избувнувањето на Балканската војна.Симеонов, Стоян. Из борбите на македонските българи. Два документа за основаването на легална политическа партия в Турция в навечерието на Балканската война, Македонски преглед, година ХІІ (1940), кн. 1, с. 84.

Самарџиев починал во Солун, во мај 1912 година. На следната 1913 година, неговата печатницата била опожарена за време на Втората балканска војна Енциклопедия България, том 6, Издателство на БАН, София, 1988.Парижков, Петър. Книжарницата открих на 1 септември 1883. - Во: "Възрожденски книжари", София, 1980, стр.249-254..

Извори

Категорија:Македонски издавачи Категорија:Македонски просветители Категорија:Отомански Македонци Категорија:Отомански издавачи Дејци на Бугарско тајно револуционерно братство