Георги Николов (Охрид, 1868 — Цариград, 1 март 1939) — македонски револуционер, лекар и учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис лево|мини|300x300пкс|Четврта генерација на воспитаници во Солунската гимназија во учебната 1888/89 год.Прв ред (учители): Ј. Буфети, Б. Димитров, Г. Прличев, Д. Матов, Н. Начов, Д. Хаџииванов, В. К’нчов, Е. ефендиВтор ред (воспитаници): Н. Зарзев, К. Робев, Н. Апостолов, П. Васков, Д. Поптомов, Ј. Игнатиев, И. Хаџимишев, М. ЛучанскиТрет ред (воспитаници): Ј. Гелев, Г. Трајчев, А. Димитров, Г. Николов Николов е роден 1868 година во Охрид, тогаш во Отоманското Царство. Во 1889 година завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а потоа и Медицински факултет во Цариград. Работи како лекар во Охрид, Битола, Скопје, Воден и други. Бил покрестен од страна на Даме Груев во Организацијата, влегол во првиот Охриски околиски комитет, а подоцна бил член на Битолскиот окружен револуционерен комитет.Александров, Тодор. Дневник и кореспонденция от Първата световна война, Издателство „Знание“, Стара Загора, стр. 67. Станува претседател на окружниот комитет на Организацијата во Скопје во 1904 година. Во 1907 година веќе како претседател на околискиот комитет во Воден е уапсен и осуден на вечен затвор. Ослободен е за време на Хуриетот. Во Балканските војни учествува како лекар кон Бугарската армија. Умрел на 1 март 1939 година во Цариград.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 117.
Наводи
Н Категорија:Починати во Истанбул Категорија:Носители на орденот „За воена заслуга“ (Бугарија) Категорија:Македонски општественици Категорија:Четврта генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија Категорија:Македонски лекари Категорија:Македонски револуционери