Константин Николов Кондов, познат како Коста, — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонскиот комитет. Животопис мини|лево|300п|Војводи на советување: седнати од лево кон десно: Панајот Бајчев, Питу Гули, Коста Мазнејков, Христо Чернопеев, Андреј Христов, Тодор Христов. Прави од лево кон десно: Никола Жекова, Константин Кондов, Сотир Атанасов, Тимо Ангелов, Никола Дечев и Курирот Никола Сарафов. Роден е 1874 година во градот Прилеп, тогаш е во Отоманското Царство. По Ослободувањето на Кнежевството Бугарија неговото семејство во 1881 година се преселило во Софија. Кондов завршил Военото училиште во Софија во 1894 година и една година (1894 - 1895) бил учител во Дупница. Се вклучил во активноста на Македонскиот комитет. Во 1895 година е меѓу основачите и на Македонското друштво "Единство" во Дупница и е негов раководител Георгиев, Георги. „Македоно-одринското движение в Кюстендилски окръг (1895-1903)", Македонски научен институт, София, 2008, стр. 19.. Учествувал во Мелничкото востание организирано од Трајко Китанчев и Македонскиот комитет во 1895 година.
Истата година заминал за Одеса, тогаш во Русија, каде што до 1898 година студирал право. Се вратил во Бугарија и бил учител во Габрово (1899-1900) и Јамбол (1900-1901).
Во 1901 година предводел чета на Македонскиот комитет, ги обиколувал Западните Родопи и Рила. Во 1902 година влегол во Кочанско. Учествувал во Горноџумајското востание во 1902 година, а на следната година со четата ги обиколувал во Велешко и Скопско. Фатен е од властите, но по интервенцијата на рускиот конзул во Скопје е ослободен. До 1908 година повторно е учител во Габрово. Во 1904 година го издава "Борбата на Македонецот". По 1908 година работи во Министерството за внатрешни работи Енциклопедия Пирински край. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 451.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 80 - 81. мини|десно|250п|Свидетелство за учество во Македонско-одринското оплчение на Константин Кондов При избувнување на Првата балканска војна во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи како командант на 4 чета при 9 Велешка дружина Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 358.. Во 1913 година е награден со орден "За храброст" IV степен.
Извори
Надворешни врски "Борбата на Македонецот", Габрово, 1903 г. во "Библиотека Струмски" Спомени на Константин Кондов Спомени на Константин Кондов во Adobe Acrobat формат
Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Носители на орденот „За воена заслуга“ (Бугарија) Категорија:Починати во Софија Категорија:Учесници во Мелничкото востание