„Run the World (Girls)“ е песна од американската пејачка Бијонсе Ноулс. Песната за „женско подобрување“ е напишанана од Териус „The-Dream“ Неш, Ноулс, Ник „Афроџак“ ван де Вал, Весли „Дипло“ Пентз, Дејвид „Свич“ Тејлор, и Адиџа Палмер, а продукцијата е направена од Свич, Ноулс и Ши Тејлор. Шпекулирана дека ќе биде издадена како „Girls (Who Run the World)“, неуредено демо од песната било испратено на интернет на 18 април 2011. „Run the World (Girls)“ подоцна била официјално издадена на 21 април 2011 како водечки сингл од четвртиот студиски албум на Ноулс, 4. Песната во голема мерка зема примероци од „Pon de Floor“ од Мејор Лазер, следејќи ги истите хип-хоп-денсхал жанрови, помеани со поп и Р&Б звуци од Ноулс. Насловот и текстот на песната содржат агресивна порака за женското подобрување.

„Run the World (Girls)“ ги поделила мислењата на критичарите, од кои повеќето го пофалиле примерокот на песната и агресивноста на Ноулс, додека други ја критикувале музичката насока на песната. Неколку критичари ја споредиле песната со други песни на Ноулс во кои се работи за женско подобрување како „Independent Women“ (2000), „Single Ladies (Put a Ring on It)“ (2008), и „Diva“ (2009), изјавувајќи дека „Run the World (Girls)“ зема поголем и поагресивeн пристап кон женското подобрување.

Музичкото видео за синглот било режирано од Франсис Лоренс и било снимено во Калифорнија за три дена. Дел од видеото било откриено од Ноулс на нејзината официјална страница, каде било наречено „B Revolution“. Во интервју со MTV Вести, режисерот Франсис Лоренс го опишал музичкото видео како „едно од најголемите музички видеа кои Бијонсе ги има направено,“ споредувајќи го со музичкото видео за „Bad Romance“ од Лејди Гага (2009).

Заднина

Во интервју со The Capital FM Network во почетокот на март 2011, Ши Тејлор потврдил дека „првиот сингл е голем и премиерата ќе биде кон крајот на април“. „Run the World“ била напишана од Ноулс и Териус Неш и била продуцирана од Ноулс, Свич и Тејлор. Дипло исто така придонел во продукцијата на песната иако не бил кредитиран на песната. Прво имало гласини дека песната ќе биде насловена „Girls (Who Run the World)“. На 14 април 2011, два дела од песната биле пратени на интернет на интернет додека незавршено демо од „Run the World (Girls)“ било испратено онлајн на 18 април 2011.

Откако била наградена со Милениумска Награда од Билборд во почетокот на мај 2011 за нејзините успеси во кариерата и влијането во музичката индустрија, Ноулс имала интервју со месечноиот магазин во кој зборувала за нејзината соло кариера и за новиот четврт албум. Кога ја прашале за храброста на „Run the World“, Ноулс рекла:

Издавање Поради деловите испратени на интернет, издавањето на „Run the World (Girls)“ било нарушено. Премиерно било прикажано на радијата во САД на 21 април 2011 во 8:00 EST, а можело дигитално да се спушти ширум светот преку iTunes Store истиот ден. Според некои репортери, синглот протекол на iTunes бесплатно неколку часа пред неговото одицијално издавање. Кратко било овозможено да се спушти бесплатно преку поткаст сервисот Concrete Loop. „Run the World (Girls)“ бил прикажан на мејснтрим радијата како и на урбаните радија на 26 април 2011. Според MTV Вести, „Run the World (Girls)“ бил добро прифатен од обожавателите на Ноулс на Твитер.

Омот Омотот за „Run the World (Girls)“ бил издаден на 20 април 2011, денот пред официјалното издавање на песната. На омотот Ноулс зафаќа поза стоејќи на песокот. Со нејзината тупаница во воздухот, Ноулс носи жолт Емилио Пучи фустан и црни чизми. Лос Анџелес Тајмс кажале дека сликата покажува „пост-апокалиптична воена зона, со златни шаки и држејчи црвени знамиња со црно 'Б'.“ Омотот е сликан на 14 април 2011.

Треј Хова од Vibe го пофалил омотот на синглот, изјавувајчи дека Ноулс изгледа „блескава како пекол“ на омотот и дополнително додал дека „Никој не се жали за Беј сезоната овде.“ Слично, Елеанор Јанг од Marie Claire го опишал омотот како „пискав“. Реј Роџерс од Билборд изјавил дека Ноулс „јасно ја објавува својата порака за женско подобрување“ кога ја крева својата стисната рака на омотот. Од друга страна, Беки Бејн од Идолатор му дала лоши оценки на синглот, опишувајќи го како „доволно разочарувачки“. Таа изјавила дека со „балистички“ песни како „Run the World (Girls)“, таа очекувала нешто повеќе отколку само снимање на телото на Ноулс и го критикувала омотот поради тоа што не е разбирливо каде е локацијата на сликата; таа напишала, „Каде по ѓаволите е таа? Под автопат? На плажа?“. Сепак, Бејн ја пофалила Ноулс за изборот на високи потпетици како „сериозен бизнис“.

Композиција

„Run the World“ е Р&Б и поп песна. Џоклин Вена од MTV Вести ја нарекла „клуб песна“ како и песна за „женско подобрување/женски тип на песна“, како повеќето од претходните синглови на Ноулс, вклучувајќи ги „Independent Women“ (2000) со Destiny's Child и „Single Ladies (Put a Ring on It)“ (2008). Ши Тејлор рекол дека песната користи повеќе од поп жанрот отколку Р&Б и слична е со првобитната работа на Мајкл Џексон. „Run the World (Girls)“ користи денсхал влијанија како традиција на „Get Me Bodied“ (2007). „Високоенергетската“ песна содржи го-го елементи и има војнички ритам кој претставува примерок од „Pon de Floor“ од Мајор Лазер и Вибз Картел. Содржи тежок синтисајзер и војнички тапански ритам под гласните вокали на Ноулс. Остри африкански ударни инструменти се застапени во песната со интензивна тапани во стил на бенд. Неколку музички критичари како Кети Меккеб од The Daily Telegraph ја поврзала „Run the World“ со „Single Ladies“ и „Diva“ (2009). Дополнително Џонстон Брејхан од The Village Voice ја споредил песната со скандирања во училишниот двот, поради „навивачките удари“ и повторувањето на зборот „Girls“.

Формати и списоци на песни Дигитално спуштање „Run the World (Girls)“ (Сингл Верзија) – 3:55

German CD single „Run the World (Girls)“ (Сингл Верзија) – 3:55 „Run the World (Girls)“ (Ремикс од Jochen Simms Club) – 6:16

Историја на издавање ДржаваДатумФорматШирум светот21 април 2011 Дигитално спуштањеАвстралија Современо хит радиоСАД26 април 2011 Contemporary hit radio Урбано радио Урбано возрасно современо радио Обединето Кралство 1 јуни 2011 Современо хит радио3 јуни 2011Урбано радио Германија 10 јуни 2011 ЦД сингл

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Синглови од 2011 Категорија:Песни од Бијонсе Ноулс Категорија:Музички видеа режирани од Франсис Лоренс Категорија:Песни напишани од The-Dream Категорија:Песни напишани од Бијонсе Ноулс Категорија:Синглови од Columbia Records