Ново Селани (познато и како Новоселани) — село во Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани.
Потекло на името
Името на селото првпат е споменато во век (1519 г.) и претставува сложенка од Ново Село и наставката -ани.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Кочанското Поле, во западниот дел на територијата на Општина Чешиново-Облешево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 330 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 20 километри.
До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2342 кај селото Жиганци.
Историја
Местото е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Авлија недалеку од селото во источна насока.
Стопанство
Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 2 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 162 хектари.
Селото, во основа, има полјоделска функција.
Население
Селото е мало, коешто во 1961 година броело 122, а во 1994 година 79 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, селото имало 74 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 46 жители, од кои 38 Македонци, 1 Албанец и 7 лица без податоци.
Општествени установи
Месна заедница
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Чешиново.
Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Чешиново, во која покрај селото Ново Селани, се наоѓале и селата Врбица, Жиганци, Лепопелци, Соколарци и Чешиново.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0878 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница. Во ова избирачко место е опфатено и селото Лепопелци.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 52 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 53 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Авлија — населба од доцноантичко време и старохристијанска црква.
Цркви Црква „Св. Петка“ — главна селска и манастирска црква; и Црква „Св. Марина“ — мала манастирска црква.
Параклиси Параклис „Св. Јаким“ — мал манастирски параклис. Параклис „Св. Недела“ — мал манастирски параклис.
Манастири Новоселански манастир — нов манастир во селото
Поврзано Општина Чешиново-Облешево Кочанска Котлина
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кочански села Категорија:Села во Општина Чешиново-Облешево