Еуроспорт 2 е европска спортска телевизиска мрежа. Таа е сестринска телевизија со Еуроспорт и Еуроспорт Вести (Eurosport News). Неколку различни верзии на канали постојат низ цела Европа, каде што телевизиските права за спорт се разликуваат една од друга. Верзијата на Велика Британија и Ирска, Бритиш Еуроспорт 2 (British Eurosport 2) е достапна на Скај ТВ и Вирџин Медиа (Sky and Virgin Media).

СТАРТУВАЊЕ СО РАБОТА

Еуроспорт 2 е пуштен во етерот на 10 јануари 2005 година. Моментално е достапен во 50 милиони домови и 47 држави, вршејќи пренос на 14 различни јазици: англиски, шведски, француски, италијански, германски, грчки, унгарски, руски, бугарски, полски, романски, српски, турски, чешки и дански.

ПРОГРАМСКА ШЕМА

Еуроспорт 2 себеси се смета за “нова генерација на спортски канали” и е посветена на тимски спортови и делумно на алтернативни спортови вклучувајќи и европска кошарка, Националната Лакрос Лига, Светско Првенство во Крикет, Австралиска Рагби Лига, сурфање и ракометната Лига на Шампиони, како и многу други. На 2. Јули 2010, Рагби Лигата на затворено објави дека Еуроспорт 2 ќе прикажува натпреварите коишто телевизиската мрежа во САД одговорна за Американската Рагби Лига остатокот од сезоната ќе ги прикажува натпреварите, но преносот ќе се врши со задоцнување од неколку секунди, како и за новоформираната Лига на Рагби на затворено. Овој договор ги вклучува и правата откупени за целата 2011 сезона.

ЕУРОСПОРТ 2 ХД

Еуроспорт 2 ХД, е канал достапен како верзија со висока резолуција. Моментално врши пренос во централна и северна Европа, и ги сноси ексклузивните програмски права како што е пренесување на Бундес Лига од Германија, борбите од Светската Боречка Федерација и живи настапи од Австралиската Рагби Лига, кои не се достапни на други телевизиски мрежи поради тоа што ги немаат откупено телевизиските права за да ги пренесуваат овие настани.

Категорија:Телевизиски канали