Барбарево (понекогаш сретнувано и како Барбарово) — село во Општина Ново Село, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.
Потекло и значење на селото
мини|300п|лево|Поглед на селото
Името на селото се сретнувало низ документи најчесто во денешната форма Барбарево. Името доаѓа од личното име Барбар (што се поврзува со патронот Света Барбара), што е староантичко име изведено од латинскиот збор барбарус што значи туѓинец или грчкиот збор барба што означува варвар или груб човек.
Се претпоставува дека селото го добило името од грчкиот збор „барба“ што означува „стар“, односно „стара населба“.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во источниот дел на Струмичкото Поле, под јужната падина на планината Огражден и во северниот дел на територијата на Општина Ново Село, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Берово. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 840 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 30 километри.
До селото води земјен пат, кој започнува од државниот пат А4, кој започнува над општинското средиште Ново Село.
Низ селото тече поток, кој го дели селото на два дела: источно и западнот маало. Во селото се наоѓа итн. Чучур Чешма.
Топонимија Во рамките на селскиот атар се наоѓаат следниве топоними: Балабаница, Виулица, Вучебица, Градиште, Зајас, Зоја, Зоја Плеш, Зујлица, Кослово, Лакустово, Ливада, Лоја, Окослово, Плеш, Руџев Рид, Село, Турски Рид, Узаја, Црвено Поле.
Историја
Над селото се наоѓа населбата од римско време Црвено Поле.
Селото првпат е споменато во пописот од 1519 година, кога имало 168 жители (христијани), а подоцна се среќава и во Лесновскиот поменик од XVI век, како и во Трескавичкиот кодекс од XVIII век.Селищев. А. М. „Македонские кодики XVI - XVIII веков“, София, 1933, стр. 145.
Познатиот бугарски археолог Богдан Филов го посетил струмичкиот крај во летото 1915 година при што забележал:
Според етнографот Јован Трифуноски, во Барбарево се доселиле жителите на денес непостоечкото село Брест, наводно поради убиство кое се случило во 1901 година.
Револуционерно дело
При крајот на 1909 година во селото се формира комитет на ВМРО од страна на Христо Чернопеев и Михаил Думбалаков. Во својата книга „Во пламенот на животот и револуцијата“ (Презъ пламъцитѣ на живота и революцията), Михаил Думбалаков истакнува:
При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година четири души од Барбарево се доброволци во Македонско-одринското ополченство.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 828. Селото е ослободено од османлиска власт од четите на Михаил Думбалаков и Кочо Хаџи Манов.Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцит на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 165 - 167.
Стопанство
Атарот на селото е мошне голем и зафаќа простор од 30,1 километар квадратен. На него шумите заземаат површина од 1.939,9 хектари, на пасиштата отпаѓаат 964 хектари, а на обработливите површини 100,8 хектари.
Во основа, селото има сточарско-шумарска функција.
Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото Барбарево е посочено како село кое имало 100 домаќинства со 382 жители христијани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Барбарево живееле 480 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 161
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Барбарево имало 560 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 106-107.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.
Барбарево е четврто најмало село во општината. Во 1971 година тоа броело 375 жители. Оттогаш започнува масовното иселување кон други места во Македонија.
Во 1961 година селото броело 399 жители, а во 1994 година 85 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, селото Барбарево броело 62 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 10 Македонци и 1 лице без податоци.
Иселеништво
Како и повеќето села во Македонија, населението масовно се иселува во средината и крајот на XX век.
Општествени установи
Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Во век, Барбарево било село во Струмичката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Ново Село, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ново Село.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Ново Село во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Ново Село, во која покрај селото Барбарево, се наоѓале и селата Бадолен, Бајково, Дражево, Зубово, Ново Коњарево, Ново Село, Смолари, Старо Коњарево, Стиник и Сушица. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Стиник во која влегувале селата Барбарево и Стиник.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1781 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква
Археолошки наоѓалишта Горно Ориште — населба со некропола од римското време и населба од доцноантичко време; и Црвено Поле — населба од римско време.
Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, изградена во 1870 година.
Редовни настани
Слави Селската слава се празнува на 15 мај.
Личности
Родени во или по потекло од Барбарево Ангел Трајчев (1887-1921) — деец на ВМРО Андон Атанасов — деец на ВМРО Атанас Илиев — деец на ВМРО Атанас Тренчев — деец на ВМРО Божин Георгиев — револуционер, раководител на месниот комитет на ВМОРО Георги Атанасов — деец на ВМРО Илија Трајков (?-1925) — војвода на ВМРО Панделија Стојанов (1900-1980) — револуционер, струмички војвода на ВМРО и деец на МПО Стојан Панев Шукев (1885-1905) — револуционер од ВМОРО, четник на скопскиот војвода Петар Апостолов Трендафил Стоилков — деец на ВМРО
Галерија
Поврзано Општина Ново Село Струмичко Поле
Наводи
Надворешни врски
Профил на Барбарево на општинскиот портал
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Ново Село