Национална демократска преродба (НДП) (, RDK) — политичка партија на етничките Албанци во Република Македонија, основана на 27 март 2011 година. На Парламентарните избори во 2011 година освоила 29.996 гласа (2,67 %) и 2 мандати, со што била во опозиција. Парламентарните избори во 2014 година освоила 17.783 гласа (1.59 %) и 1 мандат. На Парламентарните избори во 2016 крилото на Фадил Зендели настапило во коалиција со Движење Беса, а крилото предводено од Весел Мемеди влегло во коалицијата Алијанса за Албанците. Парламентарните избори во 2020 година партијата не учествувала.

Наводи

Категорија:Политички партии во Македонија Категорија:Појавено во 2011 година во Македонија