Владиевци или Владевци, на месниот говор: Ладевци — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Географија

thumb|лево|ОУ „Гоце Делчев“ thumb|лево|Спортско игралиште thumb|десно|Црква „Успение на Пресвета Богородица“ thumb|десно|Пошта

Владиевци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во западниот дел на Струмичка Котлина, чиј атар допира со територијата на Општина Радовиш и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 11 километри. Низ селото поминува патот Струмица-Радовиш.

Надморската височина во селото е 289 метри додека селото зафаќа површина од 7,1 км2. Од нив 396,6 хектари се обработливо земјиште, 241,9 хектари се шуми и 9,6 се пасиштаПанов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр. 46.

Селото се дели на Старо и Ново. Стариот дел е помал, и се наоѓа западно од новиот. Ново Владиевци е изградено околу автопатот А4 (или Р1403) и се наоѓа на околу 1 км источно од по локалниот пат крај Требичка Река.

Историја Отоманско Царство

Во текот на XIX век, селото било чисто македонско. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 245 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160..

Југославија

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Владиевци било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 100 Турци.

Во 1961 година селото имало 492 жители, од кои 460 Македонци и 25 ТурциСпоред изворот, бројот на Македонци и Турци не е еднаков со вкупниот број на население. Во 1994 година во селото живееле 723 луѓе, од кои 718 Македонци и 5 Срби.

На пописот од 2002 година, селото имало 684 жители. Следува табела на националната структура на населениетоПопис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Националност Вкупно Македонци 679 Турци 3 Роми 0 Албанци 0 Власи 0 Срби 0 Бошњаци 0 останати 2

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Владиевци има 544 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно Македонци 485Албанци 0Турци 0Роми 1Власи 0Срби 1Бошњаци 0останати57

Институции и знаменитости

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ ОУ „Гоце Делчев“ Спортско игралиште Пошта Бензинска пумпа

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1797 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на амбуланта.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 595 гласачи.

Наводи

Надворешни врски Општина Василево

Категорија:Села во Општина Василево Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија