Селиште — археолошко наоѓалиште во кичевското село Свињиште. Претставува доцносредновековна црква и некропола. Се наоѓа во подножјето на ридот Букале, што се наоѓа на околу 3 км западно од селото, на простор обраснат со шума има грамади од камења. На околу 150 м источно од него има повисока тумба, наречена од мештаните Црквиште, на која се гледаат гробови од камени плочи и грамада од градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Свињиште; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи
Категорија:Свињиште