Рид — археолошко наоѓалиште во крушевското село Бучин. Претставува населба од хеленистичко време. Се наоѓа на 1 км јужно од селото, на долга падина, каде се гледаат темели од градби и градежен материјал, како и многубројни фрагменти од керамички садови. При обработката на земјата се најдени и повеќе монети, како и мермерни споменици со старогрчки натписи и релјефи. Предложена е идентификација со деуриопскиот град Алкомена. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9
Поврзано Во Селото — осамен наод од римско време; Даб — осамен наод од римско време; Кале — доцноантичка населба; Манастириште — хеленистичка и римска населба; Бучин; Список на археолошки наоѓалишта во Крушевско;
Наводи
Категорија:Бучин