Мајна — река во Германија, 524 километри долга (вклучувајќи ја Бела Мајна, 574 километри) и таа е една од позначајните притоки на Рајна. Мајна тече низ германските покраини Баварија, Баден-Виртемберг (формирајќи ја границата со Баварија на одредено растојание) и Хесен. Нејзиниот слив се натпреварува со Дунав за вода; како резултат на тоа, многу од нејзините граници се идентични со оние од Европскиот слив. Мајна започнува во близина на Кулмбах со спојување на двата водотека, Црвена Мајна (Roter Main) и Бела Мајна (Weißer Main). Црвена Мајна започнува Франкиш Алб, 50 километри долга, и тече низ Кројсен и Бајројт. Бела Мајна тече низ Фихтелските Планини; таа е долга 41 километар. Во горниот и средниот тек тече низ долините на германските висорамнини. Во долниот дел поминува низ низините на Долна Мајна (сливот Ханау-Зелигенштат и северната Горна Рајна рамнина), каде што истекува во Рајна. Главни притоки на Мајна се Регниц, Френкише Зале, Таубер и Нида.

Името потекнува од латинските Moenus или Menus и не е поврзано со името на градот Мајнц (латински Moguntiacum).

Навигација

Мајна е пловна за бродови од устието со Рајна близу Мајнц до Бамберг (396 километри). Од 1992 година, Мајна е поврзана со Дунав преку Каналот Рајна-Мајна-Дунав и високи регулиран со реката Алтмил. Реката е канализирана со 34 брани (300 × 12 m) да им овозможат на ЦЕМТ класата 5 (110 × 11.45 m) бродови да пловат по целата должина на реката. 16 брани во соседниот Канал Рајна-Мајна-Дунав и самиот Дунав се со исти димензии.

Притоки

Притоки од изворите до устието се:

Леви Регниц Таубер Мимлинг

Десни Иц Франконска Зале Ашаф Кал Кинцих Нида

Пристаништа и општини

Околу Франкфурт се неколку големи внатрешни пристаништа. Бидејќи реката е доста тесна во горните делови, движењето на големи бродови и одредени конвои бара голема вештина.

Најголемите градови по должината на Мајна се Франкфурт на Мајна и Вирцбург. Мајна, исто така, поминува низ следниве градови Бургкунштат, Лихтенфелс, Бад Штафелштајн, Елтман, Хасфурт, Швајнфурт, Фолках, Кицинген, Марктбрајт, Оксенфурт, Карлштат, Геминден, Лор, Марктхајденфелд, Вертхајм, Милтенберг, Обернбург, Ерленбах/Мајна, Ашафенбург, Зелигенштат, Хајнбург, Ханау, Офенбах, Хатерсхајм, Флерсхајм и Риселсхајм.

Реката има стекнато огромна важност како витален дел од европскиот „Коридор 7“, внатрешен пловен пат поврзувајќи го Северното Море со Црното Море.

Наводи

Надворешни врски Main River Website on the River Main by the Tourist Board of Franconia.

Категорија:Реки во Хесен Категорија:Реки во Баварија Категорија:Реки во Баден-Виртемберг Категорија:Франкфурт