Дрвош — село во Општина Босилово, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.
Потекло и значење на името
Името Дрвош значи „населба среде дрвја“ или „населба среде шума“. И денес селото е опколено со горски дрвја, особено со дабова шума.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во северниот ридест дел на подрачјето на Општина Босилово, чиј атар високо се издига до сртот на планината Огражден, каде што се допира со подрачјето на Општина Берово. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 360 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 16 километри.
До селото може да се стигне преку локален асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат 1302 кај некогашното село Хамзали.
Историја
Најверојатно селото Дрвош било основано во времето на османлиското владеење на овие простори. Според легендата, најпрвин во селото се населиле две семејства, а по нив дошле и други. Со копачење на шумата тие отвориле место за населба, која во еден турски пописен дефтер од XVI век е спомната со името Дрвош.КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
По започнувањето на Балканските војни, 1 човек бил доброволец во Македонско-одрински доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 845..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.
Селото е споменато во „Оковани радник“ (легален орган на КПЈ), во бројот 8 од 15 октомври 1924 година, во врска со положбата на народот на Струмичката околина во тој период. Според списанието, по дознавањето на околискиот началник за делување на пет комити во селата Робово и Петралинци, полицискиот писар Јагош спровел рација во која во Робово уапсил 10 луѓе, во Петралинци 5 луѓе и во Дрвош 6 луѓе бидејќи сметал дела уапсените им помагале на комитите.Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 316.
Стопанство
мини|300п|десно|Стопански објект во селото
Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 23 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 1.855,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 284,1 хектар, а на пасиштата 120,4 хектари.
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Во селото има продавници и угостителски објекти.
Население
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 година селото се состоело од 130 семејства и 285 жители Македонци и 108 Турци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 240 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 280 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107..
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.
Дрвош е средно по големина село, но со пораст на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 566 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 695 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, селото Дрвош броело 699 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 614 жители, од кои 540 Македонци, 1 Албанец и 73 лица без податоци.
Општествени установи
мини|300п|десно|Поглед на основното училиште во селото
ПУ „Гоце Делчев“ - подрачно основно училиште за ученици од прво до петто одделение во состав на ОУ „Гоце Делчев“ - Босилово Дом на културата
Самоуправа и политика
Во век, Дрвош било село во Струмичката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Босилово, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Босилово.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Босилово во периодот од 1955 до 1962 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Босилово, во која покрај селото Дрвош, се наоѓале и селата Босилово, Гечерлија, Дабиле, Еднокуќево, Петралинци, Робово, Сарај, Старо Балдевци и Хамзали. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Петралинци, во која влегувале селата Гечерлија, Дрвош, Петралинци, Сарај, Старо Балдевци, Хамзали и Чанаклија.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1818 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 565 гласачи. На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 579 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Долно Градиште — населба од средновековно време; Мало Градиште — градиште од доцноантичко време; Селиште — населба и некропола од средновековно време; Тумба — могила од римското време; Ушите — населба од римското време; Чешмина Глава — населба од римско време; и Шичичка Чука — населба и некропола од римско време.
Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква.
Езера Чаушица — мало вештачко езеро над селото.
Култура и спорт
Борба со бикови Фудбалски клуб „Дрвош“
Галерија
Поврзано Општина Босилово Струмичко Поле
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Босилово