Три Води — село во Општина Струмица.
Географија и местоположба
Три Води се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 6 километри.
Надморската височина во селото е 420 метри а површината на селото изнесува 712 ха.
Селото се граничи со Куклиш, Раборци, Орманли, Костурино, Струмица.
Историја
Во османлиско време, селото претставувало чифлик на Зеин Усеин-бег од Радовиш а подоцна на Исим-ќаја. Во текот на 1904 година по одлука на окружниот комитет на ВМОРО биле запалени зградите во чифликот со селото. За извршување на овие дејства биле задолжени учителите Петар Хаџи Јорданов и Костадин Самарџиев. Иако во акцијата учествувала и селска милиција, палењето на чифликот било прикажано за дело само на четите. Поради тоа кајмакамот само привремено затворил некои селани, од кои меѓутоа, не успеал да извлече ништо поконкретно за оваа акција.
Стопанство
Претежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 23 ха.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 12 жители и 4 домаќинства, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Елисавета“ Викенд населба Три извори на сред село
Редовни настани
Личности Ѓорги Митушев
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Општина Струмица Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија Категорија:Беласица Категорија:Раселени села во Македонија