Кемниц () — еден од трите поранешни административни окрузи на Саксонија, Германија, кој се наоѓал на југозападот на покраината. Се поклопувал со површината на планскиот регион Јужна Саксонија. Бил распуштен на 1 март 2012 година.
Историја
Административниот округ Кемниц се создал на 1 август 2008 и го наследил поранешниот административен округ Кемниц. Територијата на административниот округ Кемниц била малку помала и го исклучувала поранешниот округ Дебелн.
Поделба
Окрузи Рудни Планини Средна Саксонија Фогтланд Цвикау
Слободни градови Кемниц
Поврзано
Округ Карл-Маркс-Штат
Надворешни врски Официјална страна
Категорија:Географија на Саксонија Категорија:Управни области во Германија Категорија:Држави и територии настанати во 1991 година