Ана Степановна Политковскаја ( - ) — руска новинарка и заштитник на човековите права, позната по својата критична позиција кон политиката на рускиот претседател Владимир Путин, како и со своите воени репортажи од Чеченија и Северен Кавказ, кои раскажуваат како руските војници се однесувале со мирното население таму. На 7 октомври 2006 година таа била застрелана во лифтот пред станот во кој живела. Нејзиното убиство предизвикало силни реакции во целиот свет Published in Russia after her death on the Novaya gazeta website "Новая газета" Путинская Россия. Според некои, тоа било по нарачка на руските власти.
Посмртно Ана Политковскаја е добитничка на престижната награда за слобода на печатот во светот „Гуљелмо Кано“ за 2007 година, што ја доделува УНЕСКО. Наградата посмртно била доделена за првпат. Политковскаја е позната особено според извештаите за воените случувања во Чеченија, како колумнист на дневникот „Новаја Газета“, а нејзината работа била призната ширум светот. Помеѓу бројните награди што ги добила е и „Златно перо на Русија“ и специјалното признание на жирито на наградата „Андреј Сахаров“, „За жртвување на животот за новинарството“.
Извори
Категорија:Убиени новинари во Русија Категорија:Апсолвенти на Московскиот државен универзитет Категорија:Руси со украинско потекло