thumb|240px|right|Игор Фјодорович Стравински (; - Њујорк, ) Игор Фјодорович Стравински (; - Њујорк, ) — руски композитор, кого денес многу, и на запад и во неговата родна Русија, го сметаат за највлијателниот композитор на музика во XX век. Тој е олицетворение на Русите именуван од страна на TIME како еден од највлијателните луѓе на минатиот век. Со оглед на многуте признанија кои ги добил за своите композиции, се стекна со слава како диригент и пијанист, најчесто на премиерите на неговите дела. Композициската кариера на Игор Стрависнки е значајна поради нејзините стилски промени. Меѓународната слава прво ја стекна со своите три балети, кои ги нарачај Сергеј Дјагилев, а кои Бале Русе ги направи. Трите балети се Жар-Птица (1910), Петрушка (1911) и Посветување на Пролетта (1913) Посветување на пролетта, чија премиера предизвика бунт, го трансформираше начинот на кој подоцна композиторите гледаа на ритмичката структура. До денес, неговата визија за погански ритуали оживеа во имагинарна праисториска Русија која ја плени и воодушевува публиката. По руската фаза, за време на 1920-тите Стравински се окренува кон неокласицизмот. Делата од овој период се со намера за користење на традиционални музички инструментални форми (концерт, гросо, гуфа, синфонија), често криејќи ја мантијата на интезивни емоции под површина која остава впечаток на едноставност, а често и одаваат почит на музиката на претходните мајстори како што се Јохан Себастијан Бах, Џузепе Верди, Петар Илич Чајковски и др. Во текот на ’50-тите ги адаптираше сериските постапки користејќи нови техники во последните 20 години од својот живот за да напише дела кои се пократки и повеќе ритмички, хармонични и структурални, покомплексни од неговата музика пред тоа. И покрај таа комплексност неговите дела делат одлики со сите претходни дела. Ритмичка енергија, конструкција на проширените мелодични идеи од малите структури компонирајќи само две или три ноти, т.е чистотата придонесуваат за чистотата на формата, инструментацијата и изразувањето. Стравински бил писател и со помош на Алексис Роланд-Мануел го напишал делото “Поетика на музиката” во кое ја употребил позната реченица дека музиката е неспособна да “изрази ништо освен самата себе”. Голем број интервјуа во кој Стравински разговараше со Роберт Краф се издадени како книга под наслов “Разговори со Игор Стравински”. Тие двајца, соработувале на уште 5 изданија во текот на наредната деценија.
Животопис Русија Игор Фјодорович Стравински е роден на 17 јуни 1882. Во Ораниенбаум(од 1498. Ломоносов), а детството го поминал во Санкт Петербург. Неговото детство, како што пишува во својата автобиографија, не било баш сјајно : “Никогаш не сретнав некој кој навистина чувствувал нешто према мене”. Неговиот татко, Фјодор Стравински, бил бас пејач во Маринискиот театар, па младиот игор рано започнал со часови по клавир, а подоцна ја учел и музичката теорија и се опробал во компоновање. Во 1890. година, Стравински го гледал изведувањето на Заспаната убавица од Петар Илич Чајковски во Маринсикиот театер. Изведувањето, кое воедно бил и негова прва средба со оркестар, потполно го фасцинирало. На 14 години го усовршил Менделсновиот концерт за клавир во Г-мол, а следната година ја зарвшил кратката клавирска верзија на еден гурачки квартет на Александар Глазунов. И покрај совојт ентузијазам за музика, неговите родители очекувале да стане адвокат. Стравински запишал право во Санкт Петербург, но таа професија му била здодевна па во 4. година од студиите присуствувал на помалку од 50 предавања. По смртта на татко му 1902, Стравински сè повеќе и повеќе посветувал внимание на музичките студии. Стравински ја добил дипломата од правниот факултет 1907. година и потоа можел сето свое време да го посвети на музиката. По совет од Николај Римски Корсаков, кој тогаш бил водечки руски композитор, одлучил да не се запише на Санкт Петербуршкиот конзерваториум. Наместо тоа 1905. година започнал приватно учење (двапати неделно) кај Римски-Корсаков, кој му бил како втор татко. Истата година, се верил со својата роднина Катерина Носенко, која ја познавал од порано. Се венчале на 23 јануари 1906. Во рок од две години добиле две деца – син Фјодор (1907) и ќерка Људмила (1908). Во 1909. година, неговиот Огномет е изведен во Санкт Петербург, каде бил чуен од Сергеј Дјагилев, шеф на Бале русеа во Париз. Дјагилев бил доволно импресиониран од делото, па веднаш го ангажира Стравински да му напише оркестрација, а подоцна и цел балет – Жар-птици.
Швајцарија Стравински, во 1910. отпатувал во Париз за да ја гледа премиерата на Жар-птици. Скоро му се придружило и неговото семејство. Заедно одлучиле да останат на запад. Се преселил во Швајцарија, кад останал до 1920. и тоа наизменично во Кларанс кај Монтреа и Лозана. Во тој период, компонирал уште три дела за Бале Русе – Петрушка (1911), напишано во Лозана и Посветување на пролетта (1913) и Пулчинела, двете во Кларанс. Додека семејството престојувало во Швајцарија, роден е нивниот втор син, Соулим (1910) и втората ќерка, Марија Милена (1913). Во текот на последната бременост било отркиено е дека Катерина болува од туберкулоза, па била сместена во швајцарскиот санаториум поради нега. По краткото се вратил во Русија, јули 1914. година за да собере материјали за Свадба. Стравински ја напуштил татковината и се вратил во Швајцарија пред почетокот на Првата светска војна. Во Русија се немал вратено скоро цели 50 години.
Франција Во 1920. година се преселил во Франција. По кратко престојување близу Париз, тој и неговото семејство се преселиле на југ на Франција каде останале до 1934. кога повторно се враќаат во Париз, каде се сместуваат на улицата Фабур Сен-Оноре. Стравински подоцна изјавил дека тоа е последна и најтажна адреса на која престојувал. Додека престојувал таму, туберкулозата од неговата сопруга преминала на најстарата ќерка Људмила и на него самиот. Људмила починала 1938, а Катерина следната година. Додека Игор бил во болница, каде бил лечен 5 месеци, починала и мајка му. Стравински уште тогаш имал контакти во САД. Тогаш работел на синфонија во Ц-мол за Чикашкиот синфониски оркестар и прифатил да предава на Харвард во текот на учебната 1939/40. Кога во септември избувнала Втората светска војна, отпатувал за САД. На почетокот живеел во Холивуд, а во 1969 се сели во Њујорк. САД Стравински продолжил со животот во САД од 1939, па сè до смртта 1971. Државјанството го добил во 1945. Приказната како го добил истото е доста интересна. Кога на 58 годишна возраст отишол во канцеларијата за довиање државјанства, службеникот го прашал за презима. Игор рекол дека се презива Стра-вин-ски, внимавајќи на нагласувањето на секој слог. Кога службеникот го запишал презимето, се насмејал и рекол : Знаете, би можеле и да го промените. Стравински се навикнал на животот во Франција, но преселувањето во САД на 58 годишна возраст била голема промена. Едно време успеал да го сочува кругот на пријатели на емигранти од Русија, но подоцна сфатил дека тоа нема да биде доволно за неговиот интелектуален и професионален живот во САД. Кога планирал да ја напише операта Вистен Хју Оден, потребата за подобро запознавање со англискиот јазик го составила со диригентот и музичар Роберт Крафт. Тој живеел со Игор и му помагал сè до неговата смрт. Му помагал како изведувач, хроничар, помошник диригент, како и во многу други музички и социјални проекти. Во 1962. Стравински го прифатил повикот да се врати во родната Русија, за да одржи серија концерти, но останал емигрант, цврсто заснован на западот. Игор Фјодорович Стравински починал на 6 април 1971. во Њујорк на 88. годишна возраст. Бил закопан на венециските гробишта Сан Микеле. Неговиот гроб се наоѓа близу гробот на неговиот долгогодишен соработник Сергеј Дјагилев. Животот на Игор Стравински опфатил поголем дел од XX век, вклучувајќи и многу негови модерни стилови на класична музика, а сам Стравински влијаел на многу композитори не само во текот на неговиот живот, туку и по смртта. Стравински има ѕвезда на Холивудската стаза на славните на 6340 Холивудска авенија, а посмртно е одликуван и со Греми награда за животно дело во 1987.
Личност Стравински ја покажал несицрпната желба за истражување на уместноста, книжевноста и животот. Таа желба се манифестирала во голем број негови париски соработки. Не бил само композитор за Бале русе на Дијагивљев, туку соработувал и со уметници како што се Пабло Пикасо (Пулчинела), Жан Кокто (Едипус рекс) и Џорџ Баланчин (Аполон). Со релативно низок раст и не баш убав Стравински, сеедно бил фотогеничен како што покажуваат многу слики. Иако неговиот брак со Катерина издржал 33 години, неговата вистинска љубов која останала со него до неговата смрт и со која се оженил по смртта на Катерина е Вера де Босе. Иако бил злогласен женкар (се говори и дека имал афери со личности од високо друштво, како што е Коко Шанел) Стравински бил и семеен човек. Посветил доста време и на своите синови и ќерки. Еден од неговите синови, Соулима Стравински исто така станал композитор, но помалку познат во споредба со неговиот татко. Кога Стравински ја запознал Вера за време на ’20-тите, таа била во брак со сликарот и дизајнер Сергеј Судејкин, но таа и Стравински набргу потоа започнале афера што доведе до тоа Вера да го напушти својот сопруг. Од тогаш па до смртта на својата сопруга Катерина, Стравински водел дволичен живот, посветувајќи внимание на смејството, но и на Вера. По смртта на Катерина, Стравински се венчал со Вера во Бедфорд на 9 март 1940. За тоа време и двајцата ја напуштиле Франција и отишле во САД, за да се сокријат од Втората светска војна. Стравински се одселил во 1939, а Вера следната година. Публиката никогаш не беше предалеку. За раните ’20-ти, Леополд Стоковски му овозможи поддршка преку псведонимот “дарител”. Стравински исто така беше во можност да привлече надоместоци: поголем број на дела по Жар-птици се напишани за посебни свечености и добро се платени. Стравински се покажал за соодветен во играње на улогата “светски човек”, развивајќи изострен инстинкт за биснис и настапувајќи ладнокрвно и опуштено во многу големи светски градови. Париз, Венеција, Берлин, Лондон и Њујорк го угостиле Стравински како пијанист и како диригент. Поголем број на луѓе кои го познавале низ работни договори околу изведувањето тврделе дека бил пристоен, внимателен и спремен да помогне. На пример, Ото Клеперер, кои добро го познаваше Арнолд Шенберг, рекол дека Стравински секогаш бил подобар и полесен за соработка. Во исто време, Стравински имал и приметно непочитување спрема оние кои сметал дека биле социјално под него : Роберт Крафт се срамел од неговите обичај да удира со лажицата по стакло и да вика во ресторани со цел да привлече внимание. Вкусот на Стравински за книжевност бил голем и секогаш тежнеел кон нешто ново. Текстовите и книжевните извори за неговите дела започнале период на интересирање за рускиот фолклор, па за класичните автори и латинската литургија, со кои преминал на француските современици (Андре Жид во Персефон) и на крај на англиските книжевници како што се Вистен Хју Оден и Томас Сервантес Елиот и средновековната англиска книжевност. На крајот од својот живот, во своето дело Абрахам и Исак внел и еврејска скриптура.
Стилистички периоди Скоро сите дела на Игор Стравински можат да се поделат во три стилистички периоди во кои неговата кариера може да се подели. Рускиот период Првиот од значајнит стилистички периоди на Игор Стравински (со исклучок на некои мали дела пред тоа) го обележале три балети кои ги напишал за Сергеј Дијагиљев. Овие балети имаат доста слични одлики: напишани се за особено голем оркестар, користени се руски народни теми и мотиви и носат знаковно имативни ноти и инструментација на Римски-Корсаков. Покрај ова, покажуваат значаен стилски развој : од стилски нацрти на Римски-Корсаков од Жар-птици, па до важноста на битоналноста во Петрушка, па сè до бруталните полифони дисонанци во Посветување на пролетта.